Погледнете како изгледаше да се биде дел од спортскиот настан „ПРВ ДО ВРВ“
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2023
Кога постои физичка подготвеност, предизвик и упорност, нема врвови што не можат да се освојат. А, кога постои пријателски амбиент и желба за незаборавна дружба, станува збор за спортската манифестација „Sparkasse LIFE ПРВ ДО ВРВ“
На 21 мај годинава, по 11-ти пат се одржа настанот „ПРВ ДО ВРВ“ што годинава премина под целосно покровителство на Шпаркасе Банка, преку платформата Sparkasse LIFE.
На него се пријавија рекорден број учесници, дури повеќе од 3.600 велосипедисти, планинари, рекреативци, професионални спортисти на трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и возачи на електрични велосипеди, кои се бореа за престижниот планински врв.
Со цел да се подигне свеста за зачувувањето на животната средина, но и да поттикне пријателски дух, покрај натпреварувачки, настанот има и забавен карактер, па така бенд со настап во живо ги забавуваше сите учесници, но и вклучените во организацијата на настанот. На самиот финиш Шпаркасе Банка обезбеди здрави енергетски барови како и свежо цедени сокови за натпреварувачите, а не изостанаа ниту вкусни сендвичи.
Учесниците на манифестацијата понесоа само позитивни впечатоци и задоволство од овогодишната организација. Шпаркасе Банка продолжува да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и стануваат заштитен знак на градот.