Ферус Мустафов последен пат креваше телевизиска галама со Жаре Бербер на Канал 5

Во саботата на 3-ти јуни започна новото телевизиски шоу на Канал 5 телевизија, "Галама шоу" во продукција на Бекстејџ медиа, онакво какво што одамна недостасуваше бар кога се нашите телевизии во прашање.

ferus-mustafov-posleden-pat-krevashe-televiziska-galama-so-zhare-berber-na-kanal-5-04.jpg 

Пејачот и шоумен по десет години се врати на екраните со „Галама шоу“.

И како што Жаре вети пред почетокот: „Ќе креваме галама со највлијателните личности од светот на музиката, филмот, спортот, па и политиката. Македонската, балканската и светската естрада ја носиме во вашите домови. Ќе вмешаме прсти во животите на познатите пред и зад камерите, но и нескромно ќе кажеме дека ќе ги поместиме границите на естрадата во Македонија, затоа што не следиме трендови, туку ги креираме. Подготвени сме да ја вратиме вашата доверба и да ви обезбедиме вистинска забава, онаква каква што одамна недостасуваше”.

ferus-mustafov-posleden-pat-krevashe-televiziska-galama-so-zhare-berber-na-kanal-5-03.jpg 

Така и со случи во првата епозода во која гости беа Панки од дуото Куку Леле, фолк ѕвездата Елена Велевска, младата и талентирана Кристина Димитри и најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист и крал на ромската музика, Ферус Мустафов, кој нè напушти на 72-годишна возраст и ова му беше последно телевизииско гостување.

Насмеан, расположен, се присети на некои анегдоти, и подсети на тоа дека токму тој го земал најголемиот бакшиш во Македонија.

ferus-mustafov-posleden-pat-krevashe-televiziska-galama-so-zhare-berber-na-kanal-5-02.jpg

Ве потсетуваме зошто беше најдобар во она кое што го правеше:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg