Скопје повторно блесна во светлина за меѓународниот фестивал Skopje Light Art District
- Детали
- вторник, 14 септември 2021
По четврт пат, Скопје повторно блесна во светлина. Меѓународниот фестивал на светлина Skopje Light Art District го обои градот во спектар од уникатни светлосни комбинации и внесе боја во секојдневието на Скопје и скопјани.
На 15 различни локации, 25 светлосни дизајнери и уметници преку своите светлосни дела, инсталации и перформанси ја покажаа својата умешност во прикажување поинаква светлосна перспектива на местата крај кои минуваме секојдневно, позиционирајќи го Сонцето како главна тема на ова издание, како непресушен извор на светлина и енергија.
Сите посетители преку апликација можеа да се движат од една до друга точка и да ја следат Патеката на сончева светлина која ги носеше до Градскиот парк во Скопје, каде ова издание на фестивалот кулминираше со диџеј програма.
Скопје уште еднаш покажа дека кога станува збор за европските и светски културни трендови, и со право може да се смета за сериозен кандидат за Европска престолнина на културата во 2028 година.
МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА СВЕТЛИНА SKOPJE LIGHT ART DISTRICT 2021По четврт пат, Скопје повторно блесна во светлина. Меѓународниот фестивал на светлина Skopje Light Art District го обои градот во спектар од уникатни светлосни комбинации и внесе боја во секојдневието на Скопје и скопјани. На 15 различни локации, 25 светлосни дизајнери и уметници преку своите светлосни дела, инсталации и перформанси ја покажаа својата умешност во прикажување поинаква светлосна перспектива на местата крај кои минуваме секојдневно, позиционирајќи го Сонцето како главна тема на ова издание, како непресушен извор на светлина и енергија. Сите посетители преку апликација можеа да се движат од една до друга точка и да ја следат Патеката на сончева светлина која ги носеше до Градскиот парк во Скопје, каде ова издание на фестивалот кулминираше со диџеј програма. Скопје уште еднаш покажа дека кога станува збор за европските и светски културни трендови, и со право може да се смета за сериозен кандидат за Европска престолнина на културата во 2028 година. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна
Posted by Петре Шилегов on Tuesday, September 14, 2021