Следете во живо: НАТО 2030 конференција која ќе ја одбележи 30 годишнината од независностa на Република Северна Македонија
- Детали
- понеделник, 30 август 2021
Во периодот од 29-31.8.2021 во хотел Инекс Олгица, Охрид во организација на ЦСС и Конгресен сервисен центар, се одржува НАТО конференцијата од висок профил:
“Предизвици НАТО 2030 наспроти 30-тата годишнина на РСМ: заканата од тероризам, хакерски напади, нови и подривачки технологии и влијанието на климатските промени врз безбедноста”
Свое излагање ќе имаат релевантни учесници кои оставиле белег во 30те години важна историја на нашата држава, како високите државници, академските професори и експерти, преставници на дипломатскиот кор и опозицијата.
Конференцијата ќе ги промовира европските и евроатлантските стратешки определби на државата, мултикултурниот карактер на општеството, мозаикот на различности и ќе воспостави интеркултурен дијалог.
Бројот 30 е особено значаен за Република Северна Македонија и оваа конференција. РСМ е 30та земја членка во Северно-атланскиот сојуз, оваа 2021ва година ја прославуваме 30 годишнината од формирањето на државата и ќе се разгледа амбициозната Агендата 2030 на НАТО, чија имплементација ќе обезбеди НАТО да е обединет, уште посилен и зајакнат во ерата на огромна глобална конкуренција.
Ќе се разгледа гео-политичката положба на државата, ќе се изнесат идеи, ставови и насоки на национални и интернационални преставници преку конструктивен општествено - политички дијалог. Јасно ќе се потврдат стратешките определби на РСМ како полно-правна земја-членка на Алијансата.
Следете ја конрефенцијата во живо на следниот линк:
https://us02web.zoom.us/j/84036773788
При најава, користете Passcode 000000