На 17-ти јули ќе се одржи „Skopje Unplugged“ - со седишта на растојание и фокус на македонските музичари
- Детали
- четврток, 16 јули 2020
Скопје (16.07.2020) - Во винаријата Камник, на 17 јули во 19:07 часот годинава ќе се одржи најновото издание на фестивалот „Skopje Unplugged“.
Фокусот, како што соопштија организаторите, ќе биде ставен на македонските изведувачи на кои најмногу им е потребна поддршка во овие времиња.
„Оваа година на исклучително интересна локација, во винаријата Камник, ќе имате ексклузивна можност да ги проследите едни од најголемите македонски музички бисери. Извонредните Фолтин, Сара Мејс и Тамара Тодевска на сцената ќе блеснат во акустично прилагоден сет специјално подготвен за оваа пригода. Време е за музика, за создавање магични моменти во прекрасна атмосфера на зајдисонце, време е за Skopje Unplugged на 17.07 (петок) со почеток во 19 часот и 7 минути попладне“, соопштија организаторите.
Тие наведуваат дека е дозволен лимитиран број на посетители за кои се обезбедени седишта на растојание од 1,5 метри.
Фестивалот е во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје, поддржан од винарија Камник.
Поради запазување на протоколите и на мерките, картите се во строго ограничен број и можат да се купат ТУКА.