Се одржа првиот музички хепенинг на покривот на Џевахир Скај Сити
- Детали
- понеделник, 04 мај 2020
Со голема гледаност преку live stream преносот и атрактивните имиња од музичката сцена се одржа првиот музички хепенинг на покривот од една од кулите на Џевахир Скај Сити.
Од 41от кат од кулата А, на висина од 130 метри Наде Талевска и Горан Наумовски, Trinity Strings и DJ Todoroff со своите изведби ги забавуваат граѓаните за време на празничниот викенд.
Единствениот музички настан, Cevahir Rooftop Live Music, можеше да се следи во живо преку преносот и понуди забава за граѓаните од целата држава што се вклучија. А покрај музичкото доживување, за сите што го следеа хепенингот понуди и единствено визуелно панорамско доживување на градот во мајското предвечерие.
Во организацијата на овој уникатен музички настан учествуваа Општина Аеродром и Џевахир Скај Сити, а целта беше преку следење на музичкиот настан граѓаните да се приклучат на хепенингот и на овој начин, секој од својот дом иако одвоени, сепак заедно да поминат убава вечер во дружба и забава.