Одложен фестивалот Мозаик поради препораките за ограничување на масовни јавни собири
- Детали
- петок, 28 февруари 2020
Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи вечерашниот концерт во А1 Арена „Борис Трајковски“ поради препорачаните насоки за ограничување на масовните јавни собири дадени од Центарот за управување со кризи.
Ќе ги следиме сите превентивни препораки според кои ќе биде закажан и новиот соодветен датум на одржување на предвидениот концерт во Скопје. Сите купени влезници ќе важат за новиот датум. Доколку сте спречени да присуствувате, вашите средства ќе бидат рефундирани преку продажната мрежа на www.mktickets.mk со приложување соодветен документ за потврда.