Промоција на делата на македонската поетеса Ана Бунтеска во Битола

Популарната македонска поетеса Ана Бунтеска после подолго време на 29.02.2020 г. (сабота) доаѓа во Битола, во Порта Џез за промоција на нејзините авторски дела Понеделнички Муабет и Најди ми Име. Како што кажува и самата “доаѓа во градот каде што нејзиното срце се полни и со радост и со тага…”

promocija-na-delata-na-makedonskata-poetesa-ana-bunteska-vo-bitola-01 (1).jpg

„После подолго време, повторно онаму каде што срцето ми се полни и со радост и со тага, заедно со мене и Биба Додева, а ќе читаат жените кои имаат посебно значење за мене. Секоја од нив е јас, а јас дел од нив.

Ве сакам Габриела Илиевска, Биљана Темелкова-Бејковска, Изабела Филов, Јасна Николовска, Сандра Атанасовска.

Ќе фотографира жената која знае од секоја фотографија да направи љубовна приказна, Тања Димитриевска.

Доаѓаме заедно со мојот грб и поддршка Ана Иванова од Просветно дело. Ве чекам на најубавото место во Битола, се разбира Порта Џез, ти благодарам Влатко Христовски Дадо. Се гледаме, имам трема уште од сега”- Ана Бунтеска

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg