Изобилство од елеганција: Се отвори првиот ХоРеКа центар во земјата
- Детали
- понеделник, 24 февруари 2020
Елеганција и отменост, досега невидени во Македонија, го одбележаа отворањето на новата компанија Alpha Venue Horeca Equipment.
Минатата недела се отвори првата и единствена компанија во земјата, која што ќе нуди ХоРеКа услуги на хотели, ресторани и кафе барови. Низ звуците на гудачките инструменти на Тринити Стрингс, присутните гости на отворањето на Alpha Venue Horeca Equipment центарот имаа можност да ги видат најексклузивните експонати во угостителскиот бизнис.
Гостите беа пречекани со вкусна минималистичка храна послужена во сензибилни и ексцентрични садови. Тие имаа прилика да прошетаат во просторот на компанијата поделен на две нивоа, каде што секој сегмент од хотелиерството, рестораните и кафе баровите си имаше земено свое место.
На првото ниво се одвиваше музичката програма, во која што присутните уживаа јадејќи и пиејќи од вкусната храна, молекуларните коктели и светлечкото шоу кој што Alpha Venue Horeca Equipment центарот го претворија во место кое што може да се носи со светските угостителски ХоРеКа центри.
На вториот кат од просториите на Alpha Venue Horeca Equipment центарот, присутните имаа можност да ги видат модерните експонати од ентериерите кои што ги нуди ХоРеКа центарот и на лице место да ги вкусат кулинарските рецепти на шефовите кои што во иднина ќе бидат дел од Едукативниот тренинг центар во Alpha Venue Horeca Equipment, и да придонесат за подигнување на квалитетот на угостителските кадри.
Ова е компанија која што ќе го подигне нивото на услуга во угостителските објекти, но и ќе пружи обуки за: бармен, бариста, сомелиер, послужувач, готвач, помошник готвач, рецепционер, слаткар и интернет маркетер во хотел.
Она што недостигаше во бизнис светот на угостителството, пристигна во Македонија.
Бидете и вие сведоци на посебната елеганција на синоќешниот настан преку фотографиите во галеријата: