Заврши Dance OFF 2019 со над 2.700 учесници од 17 држави - Настапувачите на Гала вечерта на Dance OFF ги освоија срцата на публиката
- Детали
- понеделник, 18 ноември 2019
Скопје викендот беше домаќин на најзабавниот и најинтересен меѓународен натпревар во танцување, Dance OFF.
Истиот беше организиран во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“ од страна на танцовите студија „Eat the beat“ и „Break a leg“. Оваа е 4-та година по ред од кога се одржува Dance OFF и во 2019 се почуствува дека беше исполнет со 4 пати повеќе енергија.
Dance OFF е во склоп на настаните на светската танцова федерација (ИДО) и имаше над 2.700 учесници од 17 држави како Македонија, Бугарија, Грција, Кипар, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Данска, Русија, Полска, Словачка, Италија, Словенија, Романија, Украина и други. Најдоброто од викендот беше на Гала вечерта во неделата каде настапија 18-те финалисти од двата дена. Од нив првото место го освои кореографијата „Disconnected“, второто „Work hard, play hard“ и третото „Momma I hit a lick“.
„За следното издание очекувајте уште повеќе!“ порачаа организаторите Трајче Петковски и Илија Карадакоски пред присутните.
Главни покровители на самиот настан се Министерство за Култура и ЕСМ, а поддржувачи се Екотехна, Тав аеродроми, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.