Претставена петодневната новогодишна програма во Будва и будванските хотели

Туристичката организација на општина Будва, подготви петдневна програма за новогодишните празници што ќе започне во сабота на 28 декември и ќе трае се до раните утринските часови до 2 јануари – соопштено е на конференцијата за новинари кои денеска, покрај ТОБ присуствуваа и будванските хотелиери.

pretstavena-petodnevnata-novogodishna-programa-vo-budva-i-budvanskite-hoteli-01.jpg

Ѕвездите за дочекот на главниот градски плоштад – Здравко Чолич и Светлана Цеца Ражнатович ке настапуваат на 31 декември, односно 1 јануари, а меѓу бројните изведувачи исто така ќе настапат и Психомодо поп, Лена Ковачевич, Невена Божович, Нено Белан, светски познатата DJ ѕвезда Махмут Орхан, Хари Мата Хари. Во текот на првиот ден ќе настапи и требињската рок група “Кругови во жито”, како и многу бројни црногорски изведувачи: Академија и Гула од Бар, Градската музика Будва, локалниот бенд Refugie Jesus & Apostols, The Grupa, Assa Voce, гудачкиот квартет “Lord of the Strings” и будванските DJ-и Стеван Мандич и Џон К.

pretstavena-petodnevnata-novogodishna-programa-vo-budva-i-budvanskite-hoteli-02.jpg

Традиционално, на 1 јануари во 13 часот ке се одржи класичен музички концерт.

Маја Лешевич, директор на туристичката организација на општина Будва, ја истакна атрактивната програма, која со својата разноврсност има цел да привлече што поголем број посетители од земјите од регионот. Лијешевич исто така потврди дека постои “желба” да се смени концептот по две децении, според кои Будва е препознаена како новогодишен центар на регионот, со намера да се задржи тој епитет. Секој ангажман со “посериозно” светско музичко име бара и милионски буџет, за кои сеуште не се создадени услови – посочува директорката на ТОБ и потсетува дека и оваа година во програмот имаме светски познати имиња од светот на електронската музика.

Данило Кастратович, претседател на Извршниот одбор на Тоб, смета дека програмата би можела да биде поквалитетна, т.е. повеќе во духот на Медитеранот што треба да го промовираме, што исклучува ангажирање фолк ѕвезди, и исто така истакна дека за време на седницата на Извршниот одбор повеќето членови одлучиле поинаку.

Програмата ја претставија и Будванските хотелиери.

Во “Палас” во текот на три ноќи ќе настапуваат Ацо Пејович, Тијана Дапчевич, Нина Бадрич, Северина и Дејан Петрович Биг Бенд. Хотелот “Сплендид” оваа година организира богата петдневна програма, од 31 декември до 3 јануари, а главни ѕвезди на празничните ноќи ќе бидат Неда Украден, Петар Грашо и Харис Џинович.

Во хотелот “Фалкенштаинер” на најсвечената ноќ ќе настапуваат Нина Жижич и Данијел Алибабич, додека во хотелот “Мелиа” во Петровец, во текот на трите ноќи, гостите ќе ги забавуваат Позитив бенд, Милан Букилич, Бане Мојичевич, Ана Кокич и Инспирација бенд.

Хотелот “Маестрал” веќе го наполни својот капацитет за време на новогодишните празници, а за Божиќ, покрај многу поволни аранжмани, реши да ги угости атрактивните новосадски “Фрајле”. Специјални пакет аранжмани претстави и хотелот “Авала” во кој за музичката атмосфера ќе се погрижат “Light Motive бенд”.

После конференцијата во Будва, Туристичката организација, во соработка со хотелиерите, ќе ја претстави Будва како атрактивна новогодишна дестинација во сите земји од регионот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg