European Film Challenge ќе се претстави на Cinedays 2019

Во тек е првиот европски филмски предизвик или European Film Challenge што ќе биде претставен во рамки на придружната програма на филмскиот фестивал – Cinedays 2019 во Скопје.

european-film-challenge-kje-se-pretstavi-na-cinedays-2019-01.jpg

Презентацијата е закажана за петок, 08.11. во 12:00 часот во МКЦ, а претставува особена прилика за професионалците од македонската филмска индустрија и продукција да се информираат за можностите за промоција на нивните филмови во рамки на европскиот филмски предизвик и каналите за промоција и афирмација на европската кинематографијата.

European Film Challenge е млада филмофилска заедница на вљубениците во европскиот филм желни да го доживеат киното од првите редови преку содржини од зад сцената, филмски препораки и ексклузивен пристап до европските филмови и фестивали – Берлинале, Кански Филмски Фестивал и Венеција Филм Фестивал.

Првиот предизвик, за чие освојување победникот ќе отпатува на филмскиот фестивал во Берлин – Берлинале 2020, е во тек и активна е официјалната страница за регистрација и учество.

european-film-challenge-kje-se-pretstavi-na-cinedays-2019-02.jpg

Проектот European Film Challenge во Република Северна Македонија го имплементира Центарот за социјални иновации Блинк 42 – 21, со поддршка од програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската Филмска Индустрија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg