4 предности од часови по танцување кај децата - „Dance off“ отвора нова димензија на танц во Скопје
- Детали
- вторник, 05 ноември 2019
Постојат многу причини зошто родителите одлучуваат да ги запишат нивните деца на часови по танцување, посебно во познатите школи во Скопје како „Eat the beat“ и „Break a leg“. Тие сакаат уште мали да имаат здрави навики, да ја надградат нивната креативност или едноставно да пробаат во танцот да најдат вистинска љубов. Часовите за танцување може да го научат едно дете на самодоверба, самодисциплина, став и грациозност. Но, најважно, и за детето и за родителот, часовите по танцување се забавни и ги прават децата среќни.
Го подобруваат физичкото здравје
Танцувањето е една од најзабавните форми на физичко вежбање. Самите деца учат од рана возраст да се мотивираат сами да бидат активни. Часовите по танцување ја подобруваат флексибилноста кај децата, нивните движења, физичка сила и кондиција. Овие активности им помагаат на децата и дома и во школо.
Придонесува кон повисок емоционален развој
Кога едно дете чувствува искрена радост од танцување, тоа учи начини како да се покаже себеси. Нивното изразување преку танцот им дава можност да го претстават сето тоа што имаат во нив, и физички и емоционално. Давајќи им на деца слобода да ги насочат своите емоции и енергии во средина која е сигурна ја зголемува нивната самодоверба повеќекратно.
Го охрабрува дружењето
Танцот е социјална активност. Тоа е неприкосновено. За време на еден час на танцување децата учат како да работат како дел од тим развивајќи поголемо чувство на доверба и соработка со други. А со тоа добиваат и нови пријателчиња. Со секој час децата се запознаваат едни со други и создаваат другарства кои може да траат доживотно.
Ја подобрува креативноста
Без разлика на стилот, дали хип-хоп или латино, децата се охрабруваат да бидат повеќе креативни и да се изразат себеси со безброј видови на движења. Некои танцови школи, како „Eat the beat“ и „Break a leg“ оставаат многу простор за мотивирање на овој вид на креативност и имагинација преку тоа што ги оставаат децата да играат на свој начин. Така им овозможуваат нивните клучни периоди на креативност и раст да ги надградат и подобрат низ годините. Некои од нив кои што веќе учат во овие две школи ќе го покажат тоа на еден од најголемите танцови настани во Македонија, меѓународниот танц натпревар „Dance off“.
„Dance off“ кој е организиран од „Eat the beat“ и „Break a leg“ ќе се одржи во Скопје на 15, 16 и 17 ноември во А1 Арена СЦ „Борис Трајковски“. Повеќе инфо може да се најде на:
https://www.facebook.com/danceoff.macedonia/
Сите кои ќе го посетат настанот ќе можат да ги воочат директните придобивки од танцот кај младите, но и кај возрасните. Самиот подиум ќе е место на изразување каде танчари од секоја возраст ќе ги одмерат своите способности за престижни награди и до 5.000 €.
Главни покровители на „Dance off“ се Министерството за култура и ЕСМ. Спонзори и поддржувачи на настанот се Голден арт, Екотен, Тав аеродроми, МРТ, Битсиани, ИН Такси, Метрополис, Сити радио, Клуб ФМ, Вива и Орбит.