Трет ден на Моден Викенд Скопје: Спортски гламур, емоции и студентски приказни на крајот од јубилејното издание

Со импресивна ревија на  македонската дизајнерка Олгица Ѓоргиева, заврши дваесеттата сезона на најголемото домашно модно случување, кое изминатите три дена се одржуваше во Музејот на град Скопје, приклучувајќи се кон прославата на 70-тиот јубилеј на монументалниот објект во метрополата.

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-01.jpg

Дека на македонската мода ѝ претстои светла перспектива, први на третиот ден од Моден Викенд Скопје докажаа студентите од Академијата за Моден Дизајн во склоп на „Џолев и уметностите" и „Сеавус Едукативен и Развоен центар", преку групна ревија во која се преточени индивидуални дизајнерски приказни под менторство на професорот Никола Ефтимов.

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-02.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-03.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-04.jpg

Идеологијата која ги врзува „Attitude “на Елена Маџирова, „Back to the roots ” на Ангела Доневска, „Memory of a town “ на Мирјана Јосифоска, „Vanity ” на Ана Марија Атанасовска и „Рефлексија“ на Марија Стојановска е општествената одговорност. Тргнувајќи од грижа за околината во која живееме и работиме, до создавање производи водејќи грижа за ефективно учество во социјалниот, еколошкиот, умствениот, како и економскиот напредок на нашето окружување.

Наталија Терзија премиерно ја промовираше линијата за sport-glam облека „Terziya movement“, проткаена со минималистички комфор и доза на футуризам. Колекцијата се состои од  петнаесет безвременски изгледи, кои се создадени за непрекинато движење, како есенција на животот. Во целиот концепт на оваа модна линија, таа развива поттик за виталност и здрава свест низ урбана димензија, кршејќи ги бариерите во однос на телесните облици и наметнатите општествени стандарди.

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-10.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-11.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-12.jpg

Како претпоследна учесничка на настанот, имагинацијата за есен-зима 19/20 пред публиката ја прикажа  Сара Реџиќ. „Romantic fall“ е името на колекцијата со која во нејзин препознатлив стил, дизајнерката сака да ја разубави претстојната сезона. На модната писта излезе со дваесет и пет креации изработени од безвременски материјали, давајќи им повторна шанса да светнат во полн блесок и сиот раскош што го носат во себе. Бидејќи е голема вљубеничка во рачната изработка, ниту овојпат не изостанаа карактеристичните рачно изработени  детали.

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-09.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-08.jpg

Со колекцијата „E!Motion“ на „Go by Olgica Gjorgieva“, поддржана од Merz Spezial, козметичката линија за убавина, чии производи гарантираат целодневна нега, свежина и здравје на кожата, косата и ноктите, пак, официјално заврши програмскиот дел на јубилејното издание. Испратена со аплаузи и овации, македонската дизајнерка предизвика вистинска бура од емоции со парчињата облека, акцентирајќи дека да се сакаш себеси е една од најмоќните и највистинските емоции во животот. Пред и после секоја одржана ревија, повторно можеше да се слушнат изведбите на Јон Бела и бендот Moonage.

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-05.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-06.jpg

tret-den-moden-vikend-skopje-sportski-glamur-emocii-i-studentski-prikazni-na-krajot-od-jubilejnoto-izdanie-07.jpg

Десетта година по ред, градот пулсираше во ритамот на Моден Викенд Скопје, благодарение на мноштвото покровители и пријатели на настанот. Во чест на дваесеттиот јубилеј, се наздравуваше со Johnnie Walker Highballs, квалитетните вина на Vizba Valandovo Winery, како и жолта ракија од Antika 5. За вистинско освежување со стил, официјалната вода на настанот е Пелистерка, домашен бренд со традиција од 1953 година. За страствените љубители на кафе, пак, официјален топол напиток е Essse coffee.

Музејот на град Скопје се преобрази во оаза на гламурот со ексклузивните дизајнерски парчиња мебел и аксесоари од KARE Macedonia. За сигурен и комфорен авио транспорт на специјалните гости од Обединетите Арапски Емирати се погрижи компанијата Qatar Airlines. Нудејќи им елитно сместување со пет ѕвездички и врвна услуга, хотелот ARKA ги пречека останатите стански посетители во ултра модерни соби во старото јадро на градот. За безбедноста на сите посетители на настанот, како и секогаш, присутен беше професионалниот тим од MDN обезбедување.

Занесниот изглед на манекенките му беше доверен на брендот Revlon Professional во соработка со Bube Studio IN, како и партнерот за шминка Kryolan во соработка со визажистите од школата за убавина Art. Студиото Fit Family ги насочи и им ги подобри животните навики, како би се чувствувале удобно и самоуверено, затоа што грижата за сопственото здравје е од примарна важност за секого. За чиста и зачувана гардероба – препораката на Моден Викенд Скопје е брендот Perwoll.

*Автор на фотографии: AD Photography

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg