Топлата летна „Петровачка ноќ“ собра илјадници туристи кои уживаа во добра музика, риба, вино и пиво

Уште една незаборавна „Петровачка ноќ“ покажа дека летото и понатаму не се предава, а квалитетната музика и добрата организација на крајот од август можат да привлечат неколку илјади туристи во мало, шармантно туристичко место. Ноќта, всушност, започна со интересни дневни случувања.

toplata-letna-petrovacka-nokj-sobra-iljadnici-turisti-koi-uzivaa-vo-dobra-muzika-riba-vino-i-pivo-1.jpg

Веќе околу 16:00 часот локалните граѓани и нивните гости ги одмерија силите во неколку спортски дисциплини, а најдобрите од нив освоија награди.

Дамите од женската вокална група „Хармонија“ преку авторски песни посветени на морето, рибарите и Медитеранот ги повикаа гостите на Петровац на уште едно убаво дружење кое се спремаше да потрае до длабоко во ноќта.

„Слаткиот агол“ на плоштадот пред „Црвената комуна“ го збогатија вештите раце на членките на Организацијата на жени на Будва и НВО „Свети Стефан – наш дом“ со поддршка на Здружението на шефови од кујните на Црна Гора. Со вкусовите на руштули, пандишпан, приганици, сирница и многу други слатки специјалитети карактеристични за овој крај во кој уживаа голем број посетители. Интересот беше огромен и за „Солениот агол“, каде вредните рибари од спортското риболовно друштво „Ширун“ испекоа и поделија 500 килограми риба, со кои беше послужено ладно никшичко пиво и „плантажно“ вино.

По традиционалното дефиле на шеталиштето, во друштво на весели гости, особено децата, Градската музика на Будва на главната бина одржа концерт со популарни мелодии, а публиката во текот на целата изведба ги поздравуваше со аплауз.

Младата црногорска пејачка Милена Вучиќ со брзи ритмови и’ даде посебен сјај на вечерта, а покрај нејзините песни: „Индијана“, „Да’л она зна“, „Луче“...ги израдува многубројните фанови и со неколку домашни и светски хитови.

„Благодарност до Туристичката организација Будва затоа што ми даде можност повторно да пејам пред оваа прекрасна публика. Сакам да се гледаме што почесто и секоја година луѓето тука да пијат добро вино, јадат добра риба и уживаат во квалитетна музика“, изјави таа по настапот.

toplata-letna-petrovacka-nokj-sobra-iljadnici-turisti-koi-uzivaa-vo-dobra-muzika-riba-vino-i-pivo-2.jpg

Ѕвездата на вечерта – Владо Георгиев настапи на сцената по 22 часот и дури тогаш стана јасно дека петровачкото шеталиште е мало за да прими толкав број на гости кои дојдоа да уживаат во неговата музика. Се редеа хитовите: „Једина“, „Искрено“, „Анџеле“, „Лагала си ме“, „Ми нисмо ми“ и многу други кои Владо ги пееше во ист глас со публиката, а со звуците на песната „Хеј ти“ на небото над Петровац „експлодираше“ со спектакуларен огномет кој го означи крајот на уште една ноќ која сигурно ќе им остане во драго сеќавање на посетителите.

„Бидејќи оваа манифестација трае веќе долги години, јас и претходно доаѓав со друштво и се забавував во Петровац. Овде настапувам вторпат и среќен сум што дојдоа толку многу луѓе“, рече Владо Георгиев по настапот, не криејќи го задоволството од одржаниот концерт.

„Уште еден прекрасен ден и уште една прекрасна ноќ во Петровац која ја направивме целосна со спортскиот, гастро и забавниот дел на манифестацијата. Се потрудивме сите луѓе кои се собраа на петровачкото шеталиште да ја почувствуваат магијата на оваа ноќ и мислам дека успеавме во тоа“, истакна Вукослав Руцовиќ, заменик директорот на Туристичката организација Будва и најави уште едно дружење на претстојната манифестација „Забава на плажа“, која ќе се одржи на 15 септември во Рафаиловичи во организација на ТОБ и МЗ „Бечичи“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg