Д ФЕСТИВАЛ е комплетиран, во Дојран доаѓаат повеќе од 50 музички ѕвезди!

Викендов, од 12-ти до 14-ти јули во Дојран ќе се одржува Д ФЕСТИВАЛ - единствениот музички фестивал на отворено кај нас со тридневна, неверојатно богата програма и фестивалски камп. Со повеќе од 50 музички ѕвезди на шест музички бини и над 100 уметници и креативци кои ќе земат учество во бројните активности, перформанси и работилници кои ќе се одвиваат низ повеќе од 20 различни зони на Д ФЕСТИВАЛ, комплетирана е програмата за деветтото по ред и досега најголемо издание на Фестивалот.

d-festival-e-kompletiran-vo-dojran-doagjaat-povekje-od-50-muzicki-dzvezdi-01.jpg

За официјалното отворање на годинешниот Д Фестивал, во петок, 12-ти јулизадолжени се извонредните музички ѕвезди кои ќе настапат на главната бина, а во таа листа се запишуваат: врвниот уметник на македонската електронска музичка сцена КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ со live настап и придружуван од вокалистот Lion D и омилената на македонската публика TK WONDER, од светската сцена премиерно пред македонската публика доаѓаат OFENBACH – париското хит дуо кое ги покори топ листите ширум светот, потоа најпочитуваното име на македонскиот андерграунг хип-хоп СТРАЈК, како и најактуелниот хрватски музичар и автор на најслушаните хип-хоп песни во целиот регион, VOJKO V! Истиот ден, на втората по големина фестивалска бина, MOSQUITO STAGEпозиционирана во срцето на ПлоштАРТ зоната и во непосредна близина на фестивалскиот камп, ќе настапат бендовите кои важат за гордост на македонската алтернативна сцена RIB, DISEASE, FICTION, но и уникатниот номадски бенд со бунтовен стил и див ритам SIDI WACHO. Посилна од било кога досега е и програмата на LAKE AWAKE бината, омилената локација на фестивалските посетители за дочек на изгрејсонце покрај прекрасното Дојранско крајбрежје, а која во петокот вечерта ја предводи еден од најдобрите псајтранс и прогресив транс диџеи и продуценти на светската сцена CAPTAIN HOOK, придружуван од македонските претставници на транс жанрот TRIANGULIM, FORMA и DJANTRIX. Во музичкиот храм, CHURCH STAGE на Д ФЕСТИВАЛ на првиот фестивалски ден публиката ќе има прилика да ужива во настапот на виртуозот на рајските инструменти канун и саз, и композитор на музика зa култни театарски претстави – ЏЕНГИЗ ИБРАХИМ. Новитет на Д Фестивал оваа година се уште две музички бини, SMOOTH STAGEрезервирана пред сѐ за новите имиња на домашната музичка сцена, на која во петок ќе настапат ДАКТИЛИ, MISANTHROPE и S.A.M., а каде што како резидент диџеј секоја вечер, чест да ја затвори програмата на оваа бина ќе има Диџеј Чарли, но и новото SILENT DISCO каде забавата за најжешкиот подиум во петок ќе ја лансираат тројца диџеи истовремено: Мартин Антена 5, Никола Лошковски и Emily.

d-festival-e-kompletiran-vo-dojran-doagjaat-povekje-od-50-muzicki-dzvezdi-02.jpg

Саботната вечер, 13-ти јули на Д ФЕСТИВАЛ на главната бина повторно ќе имаме ексклузивна можност да погледнеме уште еден премиерен настап од светската музичка сцена и тоа на bass суперѕвездите и трикратни сопственици на Beatport наградите за најдобар d'n'b состав NOISIA, но и светскиот хитмејкер и задолжително име на водечките светски фестивали MAHMUT ORHAN, моќните претставници на музичката авангарда, еден од најголемите рок состави во регионот ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ и веројатно најавтентичните, неконвенционални музичари на домашната сцена ФОЛТИН! Најголемото изненадување на новата хрватска алтернативна сцена, бендот PORTO MORTOи одличните македонски музички имиња ПАРКЕТИ, ZEEBOMB и НЕШО АВТОРИЗАЦИЈА во саботата ќе настапат на Mosquito Stage. Lake Awake бината оваа вечер е посветена на електронската техно сцена која ќе ни ја претстават светската ѕвезда TOM NOVY и докажаните македонски диџеи НИКИФОР и FLOODER. Ѕвездената програма за вториот фестивалски ден не застанува тука, бидејќи CHURCH STAGE во саботата ќе биде домаќи на легендата на современата македонска музика, гитарскиот великан ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ со акустичен настап. На Smooth Stage пак забавата за фестивалската публика започнува веќе во 11 часот пред пладне со настапите на SHORT FUSE HERO, DISCLASS и екипата на BASS LAB, а сѐ до раните утрински часови ќе се танцува на подиумот на Silent Disco каде што во воведот во третиот ден на фестивалот ќе го донесат диџеите АЛЕК БОШКОВИЌ, ИГОР РАДОШЕВИЌ и МИЛАН СЕРАФИМОВ.

Третиот и последен фестивалски ден за ова издание на Д ФЕСТИВАЛ, во недела, 14-ти јули ќе ни ги донесе настапите на извонредната пејачка и текстописец која ја нарекуваат и постмодерна Били Холидеј, секогаш инспиративната HINDI ZAHRA, една од водечките џез/хип-хоп вокалистки, феноменалната AKUA NARU, еден од најзначајните метал бендови во светот, грајндкор пионерите NAPALM DEATH и ска-панк бандата која се потпишува зад најпозитивната концертна атмосфера која сме ја искусиле на домашната сцена СУПЕРХИКС на главната бина. На Mosquito Stage ќе го погледнеме извонредниот музичко-театарски перформанс ЦРНИЛА РЕМИКС, настапите на Bon Praskiza, Donplaya и Prince$$ Donatsu од трап колективот MvrSvr, АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ и BLEND MISHKIN & ROOTS EVOLUTION. Lake Awake бината пак, во неделата прераснува во SHAKE D LAKE STAGE на која пристигнува најсилната екипа од Bassivity, водечката хип-хоп куќа во регионов, FOX, SURREAL и KUKU$, а на која во улога на домаќини SHORTY P и IRIE SCRATCH ја носат една од најактуелните скопски журки Thursday Shake. Уште една театарска претстава овој ден ќе погледнеме во CHURCH STAGE каде што театарската трупа на ARTOPIA ќе ја изведе популарната „Да го поздравиш и да ми го бациш“.

Неделата на Д ФЕСТИВАЛ е збогатена и со новиот програмски концепт „FAMILY DAY“, не само за децата туку за сите кои сè уште знаат да се радуваат како деца! Во рамки на оваа програма која не знае за граници кога е возраста во прашање, на Smooth Stage со свој настапи ни гостуваат 5+ БЕНДод телевизиската серија „5+ Фамилија“ и  МАГИЧНОТО ШОУ на Дарко Ѓурчиновски и Кристиан Шопов. За Family Day на Д Фестивал во Дојран ќе се продаваат и т.н. „Д Фамилија“ билети со симболична цена од 200 денари, а кои на посетителите ќе им овозможат пристап во програмата од 9:00 до 21:00 часот.

d-festival-e-kompletiran-vo-dojran-doagjaat-povekje-od-50-muzicki-dzvezdi-01.png

И тоа не е сѐ! Програмата на Д ФЕСТИВАЛ вклучува и бројни работилници, изложби, дебати и перформанси во ПлоштАрт, бесплатна дневна програма на Lake Awake бината, базар на уметнички дела и ракотворби, многу различни атрактивни фестивалски зони исполнети со забавни предизвици, наградни игри, чил-аут катчиња и три дена исполнети со креативност и уметност во единствената тридневна фестивалска авантура кај нас.

ПРОМО-БИЛЕТИ НАЈДОЦНА ДО СРЕДА, 10-ти ЈУЛИ
Огромниот интерес за годинашниот Д ФЕСТИВАЛ најавува дека пред нас е и најуспешното издание на фестивалот досега! Сместувачките капацитети во Дојран се речиси целосно исполнети, а и за фестивалскиот камп се одбројуваат последните преостанати билети. Сите оние кои допрва ќе ги купуваат своите билети ги советуваме да го сторат тоа што поскоро и најдоцна до 10-ти јулида го искористат последниот контингент од билетите со промо цени кои изнесуваат 800 денари за 4-дневен билет без кампување, односно 850 денари со кампување. Сите информации за билетите се достапни на http://dfestival.mk/bileti/ 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg