Невообичаен хуманитарен активизам „Стендап маратонец“ ќе ја дигне на нозе Македонија за собирање донации за децата без родители

Трета година по ред словенечкиот стендап комичар, тркач и ултра-маратонец Андреј Тежак Тешки, заедно со своите колеги комичари од бившите југословенски простори ќе го одржи спортско-добротворниот комичен проект насловен „ Стендап маратонец“ и ќе ги опфати градовите: Белград - Скопје - Подгорица - Сараево - Загреб - Љубљана, со цел да се соберат што повеќе средства за да им се помогне на децата од општествено помалку охрабрувачко потекло во остварување и негување на нивните хобија, желби и потреби. За да се постигне оваа цел, Андреј Тежак Тешки ја избра единствена формула која гласи: Спорт+Стендап комедија = Развој.

nevoobicaen-humanitaren-aktivizam-stendap-maratonec-ke-ja-digne-na-noze-makedonija-za-sobiranje-donacii-za-decata-bez-roditeli-001.jpg

Тој го започна маратонот во трчање на 16 мај и неговата појдовна станица е Белград. Во план е да се истрчаат 1500 километри, со висинска разлика од 13 800 метри. Маратонот предвидено е да заврши на 18 јуни годинава. Андреј во Македонија ќе дотрча заедно со неговите локални колеги македонскиот актер Никола Тодороски и Никола Силјаноски и  ќе одржат незаборавна стенд-ап комедија во Public room на 25 мај, а со купување на билетот од 300 денари ќе помогнете да се соберат што повеќе пари наменети за донација која ќе ги поддржи децата без родители од Домот 11 Октомври, Скопје, згрижени во малите групни домови.

Првата година Андреј Тешки и неговите колеги тркачи само за 10 дена поминале 600 км и со своите пријатели комичари донеле грст насмевки во 30 словенечки градови. Во вториот проект посетиле 33 словенечки планински врвови во 33 планински домови. Оваа година трасата е најдолга, Андреј со пријателите ве поканува и вас да му се придружите од Скопје до Љубљана во патики или да дојдете на претставите, и да се насмеете со нив. Сите заинтересирани за сентдап комедијата можат да си ги резервираат своите билети на 075 283 066. Крајната цел е да се соберат 15.000 евра (исто како и минатата година).

Доколку сакате да се информирате повеќе за настанот и оваа хуманитарна акција посететего креираниот Фејбук настан и бидете во тек за сите нови случувања.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg