Совршен настан за хедонисти и вљубеници во храната - Chef’s Table во Дистрикт бар и ресторан

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-01.jpg

Вчеравечер во интимната атмосфера на Дистрикт бар и ресторан, во склоп на хотелот Мериот, се одржа Chef’s Table. Настан совршен за сите хедонисти и вљубеници во добрата храна и квалитетното вино, кој ќе се одржува традиционално.

Пред претставниците од медиумите беше раскажана приказната на главниот готвач Кирил Ставрев, кој по 10 години престој и работа во престижни локали во Вашингтон се враќа во Македонија за да ги пренесе своите искуства.

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-02.JPG

На масата за 14 луѓе тој претставуваше како е приготвено секое јадење, се наздравуваше со вина соодветно избрани за менито и се чувствуваше духот на урбаното Скопје, кое е жедно за настани од овој тип.

Вистински театар со храна беше приреден, а чувството на блискот кое се создава на оваа  „Chef’s Table“ е незаборавно искуство.

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-07.JPG

Дистрикт бар и ресторан ќе нуди ваков иновативен сплет на кулинарски специјалитети и рецепти секој ден од неделата, месецот и годината.„ Ние веруваме во хедонизмот и целиме кон будење на Вашите сетила со неверојатни вкусови“, велат одговорните.

„Chef’s Table е нов и уникатен начин да поминете време со Вашите колеги, пријатели и семејство уживајќи во гастрономски ремек-дела. Секој месец, ќе подготвуваме ново мени исполнето со 5 до 10 јадења, кулинарски приказни од различни делови на светот,  кои пред Вас ќе ги „раскаже“ нашиот Executive Chef – Кирил Ставрев.

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-13.JPG

Преку неговите талентирани раце и вешта презентација на секој оброк, ќе патувате низ светот на техниките, ќе ги вкусите тајните и ќе ѕирнете во уметноста во кулинарството. Опуштете се и уживајте во патувањето, бидејќи животот навистина е вкусен со нас.“

Chef’s table е всушност концепт кој е релативно нов во нашата држава, а е многу популарен низ светот. Поентата e за сите љубители на храна да се овозможи дружење заедно со главниот шеф, кој што ги носи „позади завесите” и ги објаснува сите техники на готвење.

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-06.JPG

Идејата е да се направи нешто уникатно и авангардно, надвор од стандардното мени и на некој начин да се направи суптилна едукација за уникатните вкусови и техники популарни низ светот. Кирил секој месец ќе составува ново мени, инспириран од несекојдневните вкусови на медитеранската храна.

Chef’s table е upscale dining и секое јадење се служи со посебна чаша вино.

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-12.JPG

Мени Chef’s table:

Amuse Bouche
Крцкава кожа од пиле со мед и зачини и афионско семе
*
Scallops /caviar/ beurre blanc
Скалопи со црн кавијар и сос од лимон и путер
**
Pork tenderloin /smoked Foie
Свинско филе роловано во зачини и пушена foiе gras (џигер од патка)
***
Raw Langoustine/Qinua/Red pepper
Свежи лангустини со киноа, пире од грашок и кулис од црвена пиперка
****
Ribeye/Carrot /Black garlic
Телешки рибај со сос од црн лук и моркови во глазура од хариса сос
*****
Frozen Panna cotta 
Замрзната панакота со ред велвет и карамел сос и свежи малини

Executive Chef
Kiril Stavrev

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-03.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-15.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-14.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-11.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-10.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-09.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-08.JPG

sovrshen-nastan-za-hedonisti-i-vljubenici-vo-hranata-chefs-table-vo-distrikt-bar-i-restoran-04.JPG

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg