Кежуал, во сини фармерки го прославивме Денот на независноста на САД во Амбасадата во Скопје

Прославувањето на 4-ти јули - Денот на независноста на САД, уште една година по ред беше спектакл за паметење, организиран во дворот на Амбасадата на САД во Скопје.

kezhual-vo-sini-farmerki-go-proslavivme-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-ambasadata-vo-skopje-1.jpg

Оваа година нешто беше поинакво – сите беа облечени во сини фармерки во кежуал варијанта.

Ги оставија вратоврските и штиклите да одморат и го облекоа симболот на САД кој се верува дека ги обединува луѓето – тексасот.

„Red, White and Blue Jeans“ беше темата која сите присутни ја испочитуваа.

kezhual-vo-sini-farmerki-go-proslavivme-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-ambasadata-vo-skopje-3.jpg

kezhual-vo-sini-farmerki-go-proslavivme-denot-na-nezavisnosta-na-sad-vo-ambasadata-vo-skopje-8.jpg

А, зошто токму сините фармерки? Што точно симболизираат?

Неколку интересни факти кои ќе ви го променат погледот на ова секојдневно парче облека:

Фармерките првпат биле „измислени“ од Џејкоб Дејвис и Леви Штраус во 1873-та година.

До 1950-тите години, фармерките не биле популарни. Но, откако Џејмс Дин ги облекол во филмот Rebel Without a Cause, станале симбол на младоста и бунтовничкиот дух.

На почетокот, фармерките биле носени претежно од работници во фабрика. Бојата им била темно сина, за помалку да се познава кога ќе се извалкаат.

Порано, машките фармерки имале патент напред, додека женските фармерки се закопчувале од страна.

Фармерките се сини само од едната страна, а од внатрешната остануваат бели, затоа што се бојат со индиго.

Денес, фармерките се универзално парче облека кое се носи секаде и секогаш, па дури и на свечени настани како овој.

 

What’s in your closet? #4thofjulyskopje #bluejeans

A post shared by US Embassy Macedonia (@usembassyskopje) on

 

#DidYouKnow another fun fact about #bluejeans #4thofJulySkopje

A post shared by US Embassy Macedonia (@usembassyskopje) on

Традиционалниот огномет и оваа година изгледаше спектакуларно и за момент ни дозволи да почувствуваме како семејствата ширум САД го прославуваат 4-ти јули - во кежуал фармерки, седнати на трева, со поглед вперен кон светлечкиот спектакл:

Enjoy the traditional July 4th fireworks! Wishing for a continued strong partnership between Macedonia and the United States for years to come. #4thofJulySkopje

Posted by U.S. Embassy North Macedonia on Tuesday, July 3, 2018
" data-width="630" data-show-text="false">

Enjoy the traditional July 4th fireworks! Wishing for a continued strong partnership between Macedonia and the United States for years to come. #4thofJulySkopje

Posted by U.S. Embassy Macedonia on Tuesday, July 3, 2018

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg