Вечерва во Станица 26 - Трибјут концерт во чест на Арета Френклин во изведба на Камил Слеџ
- Детали
- среда, 28 март 2018
Вечерва со почеток во 21 часот во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга ќе настапи харизматичната американска вокалистка Camille Sledge. Овој специјален настан е всушност трибјут концерт во чест на кралицата на соул музиката Aretha Franklin.
Ова возбудливо и авантуристичко музичко патување ќе ни го овозможи Camille Sledge, ќерката на Debbie Sledge една од четирите сестри, музички икони на култната група од 70те години Sisters Sledge. Камил го наследи талентот на својата мајка и во Станица 26 ќе нè води низ нејзините лични изведби и аранжмани на музичките клсици од Franklin, песни како што се "Respect", "Chain of Fools”, "You Make Me Feel Like A Natural Woman"и многу други. Заедно со Camille на сцената ќе настапи и поранешниот тапанар на Prince, David „Fingers“
Haynes, Ken Linh Doky на пијано и Romulo Duarte на бас. Билетите за овој ексклузивен настан се по цена од 800 денари.