Трибјут концерт во чест на Арета Френклин во изведба на Камил Слеџ
- Детали
- понеделник, 26 март 2018
Во среда на 28 март со почеток во 21 часот во ноќниот клуб Станица 26 во организација на 3Гонга ќе настапи харизматичната американска вокалистка Camille Sledge. Овој специјален настан е всушност трибјут концерт во чест на кралицата на соул музиката Aretha Franklin.
Ова возбудливо и авантуристичко музичко патување ќе ни го овозможи Camille Sledge, ќерката на Debbie Sledge една од четирите сестри, музички икони на култната група од 70те години Sisters Sledge. Камил го наследи талентот на својата мајка и во Станица 26 ќе нè води низ нејзините лични изведби и аранжмани на музичките клсици од Franklin, песни како што се "Respect", "Chain of Fools”, "You Make Me Feel Like A Natural Woman"и многу други. Заедно со Camille на сцената ќе настапи и поранешниот тапанар на Prince, David „Fingers“
Haynes, Ken Linh Doky на пијано и Romulo Duarte на бас. Билетите за овој ексклузивен настан се по цена од 800 денари.
Само два дена потоа на 30 март на истата локација ќе настапи македонскиот бенд „Pumperzz Of The Fall“ во состав Ирена Димовска – вокал, Мортен Џеј – бас и придружен вокал, музички директор Даниел Митревски на гитара и придружен вокал и Иле Лулевски на тапани. Бендот е формиран во 2003. Круна на петнаесет годишнината е издавањето на винил LP, кој е нивен четврти албум со наслов „All about you“, предходно истиот албум кој сега е ставен на плоча е издаден и во дигитална верзија, а како цврсто издание на винил ќе биде презентирано во Станица 26 на 30 март и вечерта предходно во Битола во „Камарите“.
Овие две изданија ги потпишува дискографската куќа Alliance Records и продуцентската куќа 3PM Productions. Предходно бендот има издадено уште два албума на ЦД, тоа се „All whatever“ и „Mind game“.