Софт машин вечерва во Станица 26
- Детали
- среда, 14 март 2018
Се надеваме дека ќе воспоставиме вистинска интеракција со македонската публика.
Култните Софт машин вчера пристигнаа во Скопје во состав: Џон Етериџ на гитара, Рој Бабингтон бас, Џон Маршал на тапани и Франс Николас на клавијатури и со нетрпение очекувааат да настапат во Станица 26, вечерва со почеток во 21 часот во организација на 3Гонга.
„Најважна работа е воспоставување интеракција меѓу нас музичарите и публиката. Доколку се обидувате да ја задевате публиката на циничен начин, во тој случај сте кабаре музичар. Доколку пак само се предадете на свирењето и сосема ја заборавите публиката дека е пред вас, а публиката остане недопрена од вашата изведба во тој случај сте само нем навивач. Но, доколку заедно успеете да се допрете на иста френкфенција, тогаш можеме да говориме за вистинска интеракција. Се надевам дека ќе успееме да воспоставиме вистинска врска со македонската публика вечерва во Станица 26“ вели Џон Етериџ.
“Soft Machine” се бендот кој заедно заедно со „Pink Floyd“ ја создадоа британската „underground” сцена во шеесетите години. Како еден од најоригиналните психоделични бендови, „Soft Machine“ ги поставија стандардите за прогресивен, експериментален и психоделичен рок и џез рок и со тоа го обезбедија своето место меѓу највлијателните британски музичари на сите времиња.
Името на бендот е инспирирано од новелата на познатиот американски писател Вилијам Бароуз. Бендот потекнува од Кентербери и во шеесетите години биле едни од централните бендови на оваа музичка сцена. Иако имаат досега постигнато огромен комерцијален успех, музичкиот он лајн водич „AllMusic“ ги опишува како еден од највлијателните бендови на андреграунд сцената.
Тие се едни од ретките, чиј звук се уште може да се дефинира како иновативен и неконценвионален, но едновремено богат и повеќеслоен. Нивниот звук е резултат на сериозна музичка писменост и суптилно експериментирање со мелодијата. Низ историјата низ бендот продефилирале голем број музичари познати на рок, џез и поп сцената како: Robert Wyatt, Mike Ratledge, Hugh Hopper, Daevid Allen, Kevin Ayers, Elton Dean, Allan Holdsworth, John Marshall...
Тие се едни од најинфлуентите бендови на минатиот век, особено на андерграунд сцената. Досега Софт машин имаат реализирано безброј европски и светски турнети, а во 1968 година имаа голема американска турнеја со Џими Хендрикс. Турбулентната историја на овој бенд и нивната богата дискографија и артистичка визија им обезбедија сериозна и значајна улога во рокенролот.