Тамара и уште неколку музички имиња - гости на концертот на групата Морал

Македонската поп дива Тамара ќе биде гостинка на престојниот концерт на „Морал“ во недела на 28 јануари, со почеток во 21 часот во ноќниот клуб „Станица 26“. Концертната свирка насловена како „Морал со пријателите“ е во организација на „3Гонга“ и е Градска сесија бр. 9.

tamara-i-uste-nekolku-muzicki-iminja-gosti-na-koncertot-na-grupata-moral-1.jpg

На концертот ќе бидат отсвирени песните од нивниот последен албум „Coffeine Blues“, но и сите нивни досегашни хитови од првите два албуми. На нивниот последен албум се појавуваат повеќе значајни музички имиња – гости, како Слаткар, Тамара, Игор Џамбазов, Венко Серафимов, Димитар Божиков... а покрај Тамара со Морал ќе настапат и уште неколку препознатливи музички имиња, како пријатно изненадување за публиката. Концертот во „Станица 26“ е замислен како типичен рок концерт со многу енергија и добра свирка.

tamara-i-uste-nekolku-muzicki-iminja-gosti-na-koncertot-na-grupata-moral-2.jpg

После долго време Морал повторно настапуваат пред скопската публика.

Концертот ќе биде пред се промоција на новиот албум. А за вистинските поклоници ќе бидат отсвирени и песни од изминатите 35 години од самите почетоци на Морал. Како што најавува и самиот бенд ова ќе биде празник за сите сетила.

tamara-i-uste-nekolku-muzicki-iminja-gosti-na-koncertot-na-grupata-moral-3.jpg

***

Групата „Морал“ ја формираше басистот Славчо Стојановски во 1983 година и набрзо по формирањето во првата постава на Морал стана член и гитаристот Венко Серафимов. Во тогашното студио на „Леб и Сол“ го снимија својот прв демо албум. Потоа, Димитар Божиков го менува Венко Серафимов на гитара, а на тапани влегува Сашо Ангелов, кој и денес е во групата.

Со Џокси Васич како пеач, групата снима уште еден демо албум, а потоа со Орша Чунихин, кој го заменува Џокси на вокал снимени се десетина песни за МРТ. Оваа постава во 1994 година го сними и првиот официјален албум наречен „Морал“. Албумот и денес е задолжителна лектира за помладите поклоници на тешкиот рок. За првата песна „Ти ме убиваш“ снимена со новиот гитарист Ивица Јорданов во 1998 година снимено е „on road” видео едно од ретките од жанрот на хард рок музиката, кое често се емитуваше на нашите телевизии.

Во 2001 година во групата како вокал доаѓа тогашниот тинејџер Влатко Илиевски и оттогаш Морал е со истата постава. Сашо Ангелов на тапани, Ивица Јорданов гитара, Славчо Стојановски на бас и Влатко вокал. Во 2004 година е издаден албумот „Кога патувам“ и со него групата освои и званични признанија како Златна Буба Мара и 12 Величествени. 

Кулминација на тој период беше одличниот 45 минутен настап пред легендарните Deep Purple  во Скопје 2005 година. Последен настап на групата беше на „Scream rok“ фестивалот во Охрид заедно со Дивље Јагоде, Прљаво Казалиште и Ван Гог во 2011 година. Изминатите години снимани се нови песни во повеќе студија и при крај на минатата година во издание на „Gorila rekords“ објавен е последниот албум „Coffeine Blues“.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg