По победите на младите Бојаџиева и Вандевски, следува неизвесна и возбудлива трка на плажите во Дојран
- Детали
- петок, 14 јули 2017
Продолжува карванот трки на 5 километри со третата трка од серијата, овој викенд во Дојран.
Во недела на 16 јули, учесниците на трките покрај плажа Beach Run 2017, кои се одржуваат на пет локации низ Македонија ова лето, ќе трчаат на брегот на Дојранското Езеро.
Стартот е закажан за 18 часот Под јаворите во Стар Дојран, а покрај досегашните учесници од трките во Скопје и Претор, за учество можат да се пријават сите оние кои сакаат да трчаат на трката на 5 километри, а кои ќе бидат или можат да дојдат во Дојран овој викенд. Пријавувањето е преку веб страната prvdovrv.mk или на лице место пред трката.
На трката во Претор минатиот викенд, првите места ги освоија младите Марго Бојаџиева и Леонид Вандевски, со што наговестија неизвесност во конечниот пласман во целата серија трки.
По двете истрчани трки во Скопје и Претор, на табелата првите три позиции ги држат, во женска конкуренција Марго Бојаџиева, Весна Кираџиева и Катерина Шиповиќ, а во машка, Игор Јакимовски, Игор Цветановски, и Муџахид Мислимоски и Леонид Вандевски (го делат третото место).
По третата трка во Дојран овој викенд, следуваат трките во Маврово на 23 јули и финалната во Охрид на 30 јули.