Отворен новиот ексклузивен центар за Јагуар и Ленд Ровер во Скопје

Вчеравечер, со авангардна музичко-сценска изведба официјално беше отворен новиот ексклузивен центар за Jагуар и Ленд Ровер во Скопје. Новиот објект е лоциран на улица Скупи и веќе од денес е подготвен да ги услужи како постојните сопствениците на Јагуар и Ленд Ровер, така и новите клиенти заинтересирани за британските премиум автомобили.

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-5.jpg

Врвниот квалитет и иновативноста во комбинација со легендарниот британски дизајн и креативниот инженеринг се белезите по кои е препознатлив овој бренд. Софистицираноста и беспрекорноста се главните карактеристики на новиот продажен салон, кој е дизајниран според сите стандарди на Јагуар и Ленд Ровер. Тоа што посетителите го гледаат тука е идентично со тоа што може да го видат во кој било ваков овластен центар секаде во светот. Новиот центар за Јагуар и Ленд Ровер опфаќа 680 м2 и истиот се состои од изложбено-продажен простор за нови автомобили, како и дел за сертифицирани користени возила. Воедно, новиот објект нуди и единствени, овластени од производителот на Јагуар и Ленд Ровер, постпродажни и сервисни услуги.

„Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија Јагуар и Ленд Ровер. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека „Аутомобили груп“ ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Јагуар и Ленд Ровер, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење.” - изјави генералниот директор на „Аутомобили груп“, г. Кочо Бураку.

На свеченото отворање говор одржа и г. Антон Талпа, регионален менаџер за продажба на Јагуар и Ленд Ровер, задолжен за европскиот регион. Тој накратко ги запозна присутните со глобалната експанзија на овој британски производител.     

Гостите што беа дел од настанот имаа можност одблиску да уживаат во изложените модели меѓу кои и новитетите Jaguar F-Pace и Land Rover Discovery.

Ви пренесуваме фотографии од вчерашното отворање:

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-7.jpg

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-2.jpg

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-1.jpg

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-3.jpg

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-4.jpg

otvoren-noviot-ekskluziven-centar-za-jaguar-i-lend-rover-vo-skopje-6.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg