Рекордна посетеност во Skopje City Mall викендов!
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2016
Полни ходници и продавници, задоволни купувачи со полни раце брендирани кеси – ова е сликата на која беа сведоци сите кои го посетија Skopje City Mall викендов. Попустите кои беа дел од Black Friday & Weekend акцијата на најголемиот трговски центар кај нас привлекоа над 110.000 посетители кои ги искористија одличните услови да купат нешто за себе, но и за најблиските. Најголемиот број на купувачи беа од Скопје, но беше забележан голем број на посетители и од внатрешноста на Македонија, како и Косово и Јужна Србија.
Водени од целта да овозможат најдобри услови за незаборавен шопинг за сите, од Skopje City Mall велат дека одлуката да се продолжи важноста на попустите во текот на викендот се покажа дека е одлична идеја, бидејќи сите кои не стигнале да купат сè што им е потребно во петокот, имаа уште два дена да го сторат тоа. „Иако во петокот забележавме рекордна посетеност, во текот на викендот трговскиот центар повторно беше полн со задоволни посетители. Досегашните бројки покажуваат дека попустите кои трговците ги обезбедија оваа година беа многу атрактивни за купувачите.“ – изјави Дарко Панчевски од маркетинг секторот на Skopje City Mall.
„Black Friday е одлична иницијатива. Јас и моето семејство сме среќни што имаме можност да купуваме по одлични цени во овој период пред новогодишните празници. Одлично е тоа што попустите траат цел викенд бидејќи немавме можност да дојдеме сите во петокот, што верувам дека било случај со повеќе семејства кои имаат обврски во текот на работните денови. До сега набавивме мали апарати од бела техника, а сега одиме да купиме по нешто од омилените продавници за облека за секој од нас.“ – изјави во неделата еден од очигледно задоволните купувачи.
Се чини дека и трговците се задоволни од оваа акција – „Кога се организираше првата Black Friday акција во Skopje City Mall бевме малку скептични, но според нашите статистики секоја година сè повеќе граѓани одлучуваат да ги искористат попустите кои ги нудиме на овој ден за шопинг. Оваа година забележавме особено добра продажба, во текот на целиот викенд.“ - изјави Хакан Менга, преставник на брендот Тудорс за Македонија.
Black Friday акцијата оваа година поради големата заинтересираност за првпат беше организирана преку целиот викенд.