Со решавање на бизнис предизвик за брендот Аргета до Харвард HBX стипендија

Кон крајот на месец Ноември, или поточно 25. и 26. ноември Дрога Колинска/Атлантик Група во соработка со Bisness Intelligence центарот организира меѓународен »hackathon«, каде што младите и амбициозни вработени, менаџери, претприемачи и претприемачки, ќе се натпреваруваат во решавање на бизнис предизвици за брендот Аргета. Врз основа на претставениот бизнис предизвик, учесниците ќе креираат нов продукт за брендот Аргета или ќе го преобликуваат постоечкиот.

so-resavanje-na-biznis-predizvik-za-brendot-argeta-do-harvard-hbx-stipendija-1.jpg

International Business Hackathon е меѓународен бизнис маратон, натпревар на поединци распоредени во групи, кои решаваат бизнис предизвици. Во светот т.н. хакатони се пред сè познати како ИТ хакатони, каде што група на ИТ стручњаци во два дена пробуваат да решат различни предизвици или пронаоѓаат нови решенија.

Facebook Like копчето е баш создаден на хакатон. Мегјународниот Business Hackathon оди чекор понапред – натпреварувачите ќе бидат бизнисмени, млади менаџери, претприемачи и претприемачки од целата Југозападна и Западна Европа и ќе решаваат бизнис предизвици односно така наречени »business case-ови«, распоредени во меѓународни групи од по 4-5 учесници.

Групата, што ќе го реши најдобро бизнис предизвикот односно ќе предложи најдобро решение, ќе биде победник на натпреварот, каде што ќе добие врвни награди: Харвард HBX стипендија, 2000€ парична награда, MBA Entrepreneurship модул и богата вреќичка со подароци од Аргета – Дрога Колинска / Атлантик Група!

Пријава на потенцијалните учесници е можна до крајот на оваа недела на овој линк.

so-resavanje-na-biznis-predizvik-za-brendot-argeta-do-harvard-hbx-stipendija-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg