Во чест на 110-годишното постоење на Montblanc, презентирани колекции во Музејот на град Скопје
- Детали
- понеделник, 17 октомври 2016
Безвременската „снегулка“ која го симболизира изгледот на снежната капа со која е прекриен највисокиот европски врв Мон Блан, оваа година слави 110 години од своите пионерски почетоци.
Цели 110 години, Montblanc e најпрепознатливата икона во универзумот на пишувачките инструменти, која ни учи на уметноста на пишување “ Montblanc – The Art of Writing “ и си до денешен ден држи чекор со модернизацијата и паметните уреди кои едноставно се наметнуваат во секојдневниот живот.
Montblanc ја револуционализира културата на пишување пробивајќи се преку своите иновации, а со својата длабоко вкоренета култура на калиграфија (убаво пишување), Montblanc има поставено меѓународен стандард на културна и естетска посветеност.
Инструментите за пишување , на кои им се посветува со целото свое внимание и време во процесот на дизајнирање и изработка , целосно се изработени од племенити смоли и метали. Со тоа се вградува душа во инструментот, која потоа лесно се поврзува со внатрешното Јас на сопственикот и стануваат една неразделна целина.
Денес, Montblanc продолжува да ги поместува границите развивајќи го врвното мајсторство низ секоја од своите категории на производи како што е врвот на луксузните инструменти за пишување, софистицирани и ексклузивни кожни производи, накит, очила за сонце, парфеми, за на крај да навлезе во светот на мерачите на време, изработувајќи часовници со најкомплицирани автоматски механизми.
На 14 октомври, историскиот простор на Музеј на град Скопје доби урбана атмосфера во која беа претставени колекциите на Montblanc. Презентацијата, организирана од „Божиновски часовници и накит“, беше ексклузивна можност претставниците на медиумите и гостите одново да се запознаат со луксузниот бренд и да прослават 110 години иновативност и префинетост.
Уникатниот простор во кој беа презентирани колекциите беше олицетворение на стилот, самодовербата исофистицираноста на Montblanc и совршен спој на историските елементи и луксузот на модерното живеење, по кои брендот е добро познат.
Гостите уживаа во отмената атмосфера со класичните звуци на пијанистката Ема Ананиевска.
Извршниот директор на Montblanc Jèrôme Lambert, изјави: „Montblanc слави 110 години од историјата. Ова патување е посветено насоздавање на фино изработени и безвременски содружници и горди сме што „Божиновски часовници и накит“ од Македонија ни се придружници на ова патување.”
Од Божиновски изјавија дека им претставува голема чест што се ексклузивен застапник на Montblanc во Македонија и што имаат можност да го пренесат урбаниот и луксузен дух на овој иконски бренд, кој со својата мисија стави ултимативен печат , со врвната изработка, иновацијата, квалитетот и изразувањето на стилот.
Компанијата „Божиновски часовници и накит“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Hamilton, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.