Извлечени добитниците од наградната игра „Авантурите на Битолското чупе“

Викендов донесе среќа на многумина кои учествуваа во наградната игра на Бимилк „Авантурите на Битолското чупе“.

izvleceni-dobitnicite-od-nagradnata-igra-avanturite-na-bitolskoto-cupe-4.jpg

Попладнево во Детскиот парк во Битола, Битолското чупе ги извлече  среќните добитници од големата наградна игра, а најсреќен од нив беше добитникот на главната награда, Маја Мојсова Мијовска која заедно со своето семејство ќе ја посети светски познатата Зоолошка Градина во Берлин.

izvleceni-dobitnicite-od-nagradnata-igra-avanturite-na-bitolskoto-cupe-7.jpg

Сите добитници на наградите , 15 плеј стејшн, 50 ваучери во вредност од 3.000 денари и 500 Бимилк производи ќе бидат објавени на Фејсбук страната на Бимилк.

Големата авантура на Битолското чупе, Бимилк и Битолското млеко со 10 витамини заврши со незаборавна забава во битолскиот Детски парк, со многу изненадувања и интересна и богата програма.

‘‘На сите денешни добитници им честитам. Но, сметам дека добитници сме сите, а особено нашите дечиња затоа што наградната игра беше креативен спој на корисно, забавно и едукативно. Забавна поради тоа што на патот до наградите и собирањето сликички нѐ водеше омилената детска хероина, креативна затоа што собирањето сликички им овозможува креативно развивање на децата и корисна бидејќи децата имаа можност да научат нешто ново. Верувам дека сите денес се забавувавме и дека со нетрпение ја очекуваме новата авантура на Битолското чупе.‘‘ – изјави Игор Ивановски, претставник од Бимилк.

Наградната игра забележа неверојатен успех и интерес, побарувачката за албумите беше огромна, продадени беа вкупно 55.000 албуми а испратени дури 13.653 албуми со сликички.

Битолското чупе и Бимилк донесоа незаборавно искуство за многу деца, кои имаа можност на оригинален и креативен начин, преку забава и учење, да уживаат во собирање и размена на сликички и да се дружат.

izvleceni-dobitnicite-od-nagradnata-igra-avanturite-na-bitolskoto-cupe-5.jpg

За повеќе информации за „Бимилк“ посетете ја нашата веб страна www.bimilk.mk или Фејсбук страната на Бимилк.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg