Прва конференција за евент индустријата кај нас: Showtime - 10-ти Јуни 2016, City Hall Center

Showtime е првата конференција за евент индустријата кај нас која ќе се случи на 10ти Јуни годинава.

prva-konferencija-za-event-industrijata-kaj-nas-showtime-17ti-juni-2016-city-hall-center-2.jpg

Со цел да излеземе во пресрет на барањето на заинтересираните посетители, а поради преклопување со државниот празник Духовден, 17ти јуни (петок) терминот за првата конференција за евент индустријата кај нас – Showtime е променет за 10ти Јуни 2016.

Showtime е целодневен настан дизајниран да привлече професионалци од евент индустријата со различни позадини, а ќе ги соедини маркетинг и евент професионалците и ентузијастите и ќе им овозможи платформа за споделување на искуства, идеи, перспективи и мислења за трендовите и развојот во евент индустријата.

На Showtime ќе зборуваат еминентни професионалци од евент индустријата, па навистина ќе има што да се слушне. Повеќе околку говорниците можете да погледнете и овде.

Конференцијата е наменета за сите кои се вклучени во испорака на фантастични искуства низ внимателно креирани настани, а планирана во одговор на растечките трендови и внимание кон настаните – корпоративни и приватни, изложби, саеми, концерти, конференции и тренинзи и разни БТЛ активности од страна на маркетинг професионалците но и од помали агенции за организација на настани како и фриленс организатори на настани во регионот.

Ако сте:

  • Маркетинг или евент професионалец од фул сервис маркетинг агенција;
  • Планер или организатор на настани;
  • Ин-хаус корпоративен организатор на настани;
  • А/В подизведувач кој сака да се прошири кон развој и планирање на настани;
  • Понудувач на услуги во евент индустријата (фотографија и видео, дизајн, логистика, обезбедување итн.)
  • Во тренинг или евент ентузијаст;
  • Заинтересирани за развој, планирање и продукција на настани и сакате да се сретнете со релевантни лица од евент индустријата,

Се гледаме на Showtime!

Early Bird влезниците се во претпродажба до 11.05.2016 со попуст од 67% и цена од 3.044 денари со вклучен ДДВ. Бројот на early bird влезници е ограничен.

Повеќе за настанот погледнете и на www.show-time.mk.

prva-konferencija-za-event-industrijata-kaj-nas-showtime-17ti-juni-2016-city-hall-center-4.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg