Job Fair – Чекор поблиску до твојата кариера!

Бордот на Европски Студенти по Технологија-БЕСТ - Скопје со особена чест Ви го најавува дванаесеттото по ред издание на Саемот за вработување и кариера – Job Fair 2016. Настанот ќе трае од 4 – 10 мај 2016. Ќе започне со официјално отворање и networking настан на 4 мај, а потоа следуваат денови на штандови на ГФ/АФ на 5 и 6 мај, и на кампусот технички факултети на 9ти и 10ти мај.

job-fair-cekor-poblisku-do-tvojata-kariera-01.jpg

Job Fair е најголемиот настан кој го организира БЕСТ – Скопје. Минатогодишниот Job Fair 2015 се покажа како најуспешниот до сега со 26 компании-учеснички, врвни во својата област, и со посетеност од над 4000 студенти на деновите на штандови.

Овој саем е одлична можност компаниите-учеснички да стапат во директен контакт со нивните потенцијални вработени, а студентите да се информираат повеќе за компаниите, нивните понуди, како и нивните главни активности. На деновите на штандови, компаниите ќе ја претстават својата дејност, како и целите и потребите насочени кон амбициозен и квалификуван кадар.

job-fair-cekor-poblisku-do-tvojata-kariera-02.jpg

На Job Fair заинтересираните студенти ќе имаат можност да присуствуваат на разни предавања, презентации, soft skills тренинзи и натпревари одржани од страна на компаниите. Студентите целат кон квалитетна пракса или работно место, а тоа е она што Job Fair им го нуди. Сè што студентите и (пост)дипломците треба да направат е да го остават своето CV на www.jobfair.org.mk. Истото ќе стане дел од нашата динамична датабаза, до која имаат пристап сите компании учеснички во текот на целата година.

Традиционално, оваа година БЕСТ-Скопје се стреми кон уште поголем и поуспешен Job Fair. Затоа, оставете CV на www.jobfair.org.mk, следете ги информациите, и бидете чекор поблиску до вашата кариера!

job-fair-cekor-poblisku-do-tvojata-kariera-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg