Доделени наградите на 9. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“ 2016
- Детали
- среда, 13 април 2016
Претставата „Ромео и Јулио“ на независниот театар „БОЛОЊИНИКОСТА“ од Рим, Италија ја освои ГРАНД ПРИ НАГРАДАТА за најдобра претстава на 9. ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на независната професионална продукција, која негува алтернативен и експериментален театар.
Жири комисијата во состав: Синиша Ефтимов, режисер и актерките Магдалена Ризова Черних и Ирена Илиевска, по изгледаните шест претстави донесе одлука дека претставата „Ромео и Јулија“, понуди оригинален, инвентивен и алтернативен прочит на Шекспировото дело, кое во целост комунира со гледачот и плени со одличната актерска игра и прецизната режија.
Наградата за најдобра режија е доделена на Софија Болоњини, за истата претстава „Ромео и Јулио“, додека наградата за најдобро актерско остварување е доделено на Теодора Ристовски, за улогата на „Актерката“ во претставата „СОБУЈ ГИ ЧЕВЛИТЕ“, во изведба на „Лудум, Лудум“ театарот од Белград, Србија.
Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, во изминатите четири денови, понуди шест навистина квалитетни претстави, кои под мотото „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“, прикажаа нови театарски промислувања, создадени од професионалната независна продукција.