9-то издание на ИТФ „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“ 2016
- Детали
- четврток, 31 март 2016
Под мотото „ОСТАНИ СТАБИЛЕН“, од 9 до 12 април, по деветти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал „ЛИЦА БЕЗ МАСКИ“, посветен на професионалната независна театарска продукција, која негува алтернативен и експериментален театар, во организација на независниот ТЕАТАР 007 и Конгресен центар „Александар Македнонски“-Скопје (Универзална сала-Скопје).
Годинешната програма изобилува со претстави од најразлични жанрови, тематски провокативни и истите ќе промовираат нови и свежи театарски естетики пред македонската публика.
Во официјалната натпреварувачка програма се седум претстави од Русија, Србија, Италија, Романија, Грција и две претстави од македонската независна продукција, кои ќе се борат за една од трите фестивалски награди и тоа: ГРАНД ПРИ, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување.
Како и во претходните години, така и оваа, на „МАЛАТА СЦЕНА“ во Универзална сала-Скопје, секој ден од 9 до 12 април, ќе се одржуваат работилници, предводени од гостинските театри на кои низ пракса ќе се разменуваат искуства.
Работилниците ќе бидат отворени и за пошироката публика, со претходна најава кај организацијата на фестивалот.