Какви вештини ќе бидат потребни во 2020-тема на регионалната конференција за образование во Тирана

6 октомври - Министри за образование и вработување од Југоисточна Европа  и Турција како и високи претставници од Институции од Европската Унија, се сретнаa денес во Тирана на конференција организирана од страна на Европската Фондација за Обука.

kakvi-vestini-ke-bidat-potrebni-vo-2020-tema-na-regionalnata-konferencija-za-obrazovanie-vo-tirana-01.JPG

Конференцијата беше одржана по повод завршувањето на проектот поддржан од Европската Унија, FRAME,  кој имаше за цел анализа на можностите за развој на стратешките образовни вештини во 7 земји: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Турција. Проект со кој и се поддржаа националните реформски планови на одделни земји, се констатираа постигнувањата на земјите во однос на нивните визии и политики за вештини и за развојот, особено во однос на Стручното образование и обука, и се идентификува следните чекори со осврт на областите во кои е потребно подобрување.

На конференцијата беа изнесени податоци, дека во Македонија само 3.6% од возрасните, во 2013 биле дел од процесот на образование за возрасни, за разлика од Европската Унија каде просекот е 10.7%. Со што се наметна заклучок дека, имајќи ги во предвид брзите промени во глобалната економија, обуката за возрасни ќе биде се поважна.

Се информираше дека само 44.7 проценти од димпломираните студенти (20-34 години) во Македонија се вработуваат во рок од 3 години по завршувањето на студиите (што е сосема спротивно во однос на просекот 74.8% на ЕУ – 27 земји членки). Што подрразбира неусогласеноста на вештините кои ги обезбедува македонскиот систем за образование и оние кои ги бара пазарот на трудот, што е причина работодавачите често да не можат да најдат соодветни кандидати.

Додека неодамнешната студија на Меѓународните трудови организации го потврдија постоењето на значителен број на високо образовани (18,9% од младите работници) паралелно со ниско образовани (14,3%) млади лица во Република Македонија, два феномени кои ги ослабуваат можностите во образованието и покажуваат неефикасно искористување на човечките ресурси.

Ова беа само дел од неколкуте заклучоци поврзани со Македонија, од кои беа извлечени заклучоци дека само со високо ниво на политички дијалог може да се поддржи развојот на регионалната соработка, што ќе доведе до подобра едукација, обука и работни места за сите.

Во име на Европската комисија, Европската фондација за обука обезбеди поддршка на земјите кандидати и потенцијалните земји кандидати во нивните напори да ги развијат вештините потребни за одржлив економски развој и да создадат социјална кохезија од среднорочна до долгорочна перспектива. Развојот на човечките ресурси треба да биде базиран на докази, како и на подобрена институционална и меѓуинституционална соработка, беше истакнато на конференцијата.

Според најновите податоци на невработеност кај младите во Албанија бројката достигна 26%, во Црна Гора 41%, во Србија 46 %, во Република Македонија 54%, а во Босна и Херцеговина дури 57%.

На конференцијата беа воспставени релации помеѓу министрите за образование и вработување од Југоисточна Европа и Турција со политичките лидери од институциите на ЕУ и другите меѓународни организации, како и европските и регионалните социјални партнери заради размена на мислења и споделување на искуства во врска со нивните долгорочни визии за вештините и нивните напори за прилагодување на политиките за вештини и системите за развој на човечки ресурси.

Проектот „FRAME“ ги опреми владите, меѓу другото и со иновативна методологија  за предвидување на компетенцијата, вештините и квалификациите кои луѓето и економиите ќе треба да ги имаат до 2020 година. За да се подготви за финансиска поддршка на ЕУ (2014-2020) Србија мора да подготви национална стратегија за документи, вклучувајќи го и развојот на човечки ресурси, кој ги опфаќа прашањата за подолгорочен процес на образование и обуката, вработување и социјална инклузија. FRAME и помогна на македонската влада да подготви стратешка визија за вештини потребни за подготовка на процесот  за евентуалните финансирања од претпристапната помош (ИПА II) од ЕУ.

Европската Фондација за Обука како агенција на Европската Унија, поддржува 30 земји во областа на развојот на човечките ресурси преку развојот на системите за стручна и образовна обука.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg