Флеш Моб во Skopje City Mall
- Детали
- понеделник, 12 ноември 2012
Повеќе од 120 ученици од Меѓународното училиште Нова во соработка со танцовиот клуб Ритам Плус изведоа несекојдневен музички и танцов перформанс во Скопје Сити Мол познат како Флеш Моб.
Посетителите во трговскиот центар беа изненадени кога неочекувано од различни места во трговскиот, децата почнаа да се појавуваат играјќи во ритамот на песната Dance again на Џенифер Лопез.
Ентузијазмот и возбудата на децата беа очигледни, но и вчудовидувањето на лицата на посетителите кои се најдоа таму во тој момент.
Флеш мобот беше организиран по иницијатива и целосна организација на професорите по танц во училиштето Нова во соработка со танцовиот клуб Ритам Плус.
“Настапот го подготвувавме повеќе од два месеци и целта ни беше да понудиме уште една интересна активност за своите ученици. Благодарни сме на Скопје Сити Мол за гостопримството и желбата да ги понуди најновите светски социјални трендови и во својот трговски центар.” изјави Иван Новаковски, менаџер на Меѓународното училиште НОВА.
Флеш мобот е необично интересно доживување за оние кои го изведуваат, но и за оние кои го гледаат. Учесниците настапуваат ненајавено на јавни места и во поголеми групи. Тие се чувствуваат како да се дел од сцена на некој филм или музички спот кој почнува ненадејно и завршува како ништо да не се случило. Момент кој секој би посакал да го доживее. Единствената цел на флеш мобот е да изненади и забавува. Иако до сега кај нас се изведени неколку вакви перформанси, Скопје Сити Мол, следејќи ја својата определба секогаш да понуди нешто ново и поинакво, повторно ни ја донесе магијата и единственото доживување наречено флеш моб.
Настапот е снимен и за неколку дена ќе биде промовиран преку социјалните мрежи (Youtube, Faceboook) за тие што не беа во можност да присуствуваат.