Тино танцуваше како Трамп, Јапонецот Котецу „растури“ на сцена - Како си поминав на Златна Бубамара ’25?
Пред крајот на вечерта, се случи и еден од најемотивните моменти - „Меморија“ кои добија награда за рок бенд и рок концерт, својата статуетка му ја дадоа на својот голем фан Филип Николовски од Прилеп, момче во инвалидска количка, кое пееше со нив и вчера, исто како и на големиот концерт во 2024.
Четиричасовното шоу заврши со настапот на Муарем Сербезовски, кој дојде од Сараево за „Бубамара“.
„Јас сум Ром, Циган роден во Шутка, кој стана господин академик - решив да направам нешто од себе, пишував книги, се образував, и во Сараево ме прогласија за академик.
Сега го очекувам истото и од Скопје“, кажа тој пред да ја испее „Зашто су ти косе побелеле друже“.
Но, додека тој пееше (па и претходно), голем дел од публиката си заминуваше.
На настапот на Сербезовски, кој заврши околу 20 минути по полноќ, во салата останаа само околу 30% од публиката.
И овој пат се повтори ланската слика - една од ѕвездите на вечерта да пее пред празна сала или за луѓе кои си одат, зашто манифестацијата трае предолго - дури еден час повеќе од она што Ранко го најави на самиот почеток.