Промоција на книгата „Различни но слични“ во во Градско Кино Милениум – Скопје
- Детали
- понеделник, 26 август 2024
Почитувани пријатели, непознати-познати, љубители на книгата и на животот во потрага по својата автентичност, со големо задоволство ве покануваме на настан промоција на едно ново несекојдневно македонско издание на книгата со загадочен наслов ,,Различни но слични”.
Промоцијата ќе се одржи во Градското Кино Милениум – Скопје, на 15.09.2024-та Недела со почеток од 19:00 часот.
Накратко се работи за книга која изобилува со важни тематики од секојдневието на секој битисник на планетава какви што се: осаменоста, љубовта, пријателството, односот кон најблиските, самодовербата, битката за автентичен живот и многу други егзистенцијалистички и хуманистички аспекти на животот вклучувајќи го мајчинството и лицата со потешкотии во развојот.
Во прилог ви ги претставуваме промоторите /рецензенти на книгата и ви го најавуваме 11 годишното момче Леон Мемиш Апостоловски кое го победи најтешкиот степен на Аутизам и сега го живее својот Аспергеров синдром висока функционална форма со фото меморија како преставник во читање на извадок од книгата на неговата мајка авторката дипломиран психолог со богата академска позадина Амела Мемиш Апостоловска.
Проф.д-р Мирослав Пендароски ,психолог , редовен професор на факултетот за психологија.
Проф.д-р Златко Жоглев професор во пензија и доктор по социолошки науки.
Маестро Игор Џамбазов македонски глумец, писател, забавувач,ТВ-водител, музичар, режисер на музички спотови и текстописец.
Маргарета Талески Дипломиран правник и Магистер по финансии активист во невладиниот сектор.
Елена Мишева Бајгора модератор.
Амела Мемиш Апостоловска дипломиран психолог со богата академска позадина , автор.
Повеќе детали може да добиете на самиот отворен настан на следниов линк