Отворено е пријавувањето за SoMo Borac 2024! Воведени и две нови категории
- Детали
- петок, 28 јуни 2024
Пријавите за 12-тото издание на SoMo Borac by Aleph се отворени, а организаторите на најважните регионални дигитални награди воведоа и нови категории.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 25-ти октомври, а пријавите се отворени до 25-ти септември 2024.
Жирито се состои од најголемите регионални дигитални експерти, чие знаење и искуство ќе бидат пресудни во изборот на најдобрите трудови од вкупно 17 категории.
Голема новост на 12-тото издание на SoMo Borac се двете нови категории, Digital Product во „advertising stream“, кои ги наградуваат дигиталните продукти од сите видови кои со своите иновативни идеи и висока изведба, им овозможуваат на организациите да истражат нови аспекти од дигиталниот бизнис.
SoMo Advertising ги наградува дигиталните проекти во вкупно 11 категории и Special mention by Aleph, во кои проектниот партнер го избира проектот кој се истакнува со перформансот во маркетиншките категории, а сите детали за условите и правилата за пријавување ќе ги пронајдете на линкот.
Во координација со Хрватското здружение на дигитални издавачи (HUDI) кое и оваа година е коорганизатор на најважниот настан на дигитална заедница, проширени се и медиумските категории.
Така, дигиталните издавачи во новата категорија Best Мedia Feature ќе можат да ги покажат специфичните делови од своите постоечки продукти кои се значително унапредени или иновирани.
Освен тоа, медиумските издавачи можат да ги пријават своите проекти во уште четири категории – Digital Product of the Year, Digital Design of the Year SoMo NATIVE и Best Media Storytelling, а повеќе за условите и правилата за пријавување за SoMo Media категориите се објавени на веб-сајтот на SoMo Borac.
„Собравме тим од најдобрите луѓе од регионот кои се водечки експерти во дигиталната индустрија и веќе сега знаеме дека пред нив имаат тешка задача да ги одберат најдобрите трудови
Но, со радост чекаме да видиме какви добри проекти нè чекаат оваа година. Двете нови категории се фокусирани на дигитални производи, односно делови на постоечки производи, а кои со иновативно решение го унапредиле работењето и корисничкото искуство.
Ги повикуваме сите да ги пријават своите проекти со кои се истакнале во минатата година и да покажат зошто заслужуваат да ја добијат најважната награда во дигиталниот свет“, изјави Ружица Врдољак Личина, извршна директорка на наградите SoMo Borac.
Пријавите се затвораат на 25-ти септември, а early bird пријавите се отворени до 1-ви септември 2024.
За проектите кои се истакнале минатата година ќе одлучува тим од најголемите регионални експерти, а кои се членови на жирито можете да погледнете на линковите: SoMo Media жири и SoMo Advertising.
Пријавете се на SoMo Borac билтенот и први дознавајте ги новостите за најважното доделување на награди, а следете ги и Фејсбук, Инстаграм и LinkedIn страниците на SoMo Borac.