Урбан ФМ организира музички фестивал во Скопје: Бесплатен влез и 30 музичари за првиот роденден на радиото

По повод првиот роденден на зрачиме македонски на нашето Урбан Фм Радио со огромна чест и гордост ви го најавуваме и својот прв УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ за оваа година.

urban-festival-01.jpg

Фестивалот ќе има за цел максимално да се обиде да ја оддржи својата радиско музичка константа, да внесе нова авангардна културна содржина на Скопје и да ја запознае широката публика со музичката креативност, уметност и најважно на голема сцена, на отворено да се слушнат бројни жанрови, поджанрови на музика, сцена која ќе биде најдобрата промоција на младите и талентирани артисти од земјата кои максимално ја заслужуваат својата застапеност во медиумскиот етер.

Она што ќе биде куриозитет за УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ е дека целата програма ќе биде емитувана во живо на радиската фреквенција 90.8 на Урбан Фм. Најавуваме радиско маратонско уживање во кое ќе бидат вклучени сите изведувачи и артисти. До големата сцена ќе биде поставено мобилно радиско студио во кое тимот на Урбан Фм ќе ја емитува својата програма во живо, за сите да имаат можност да уживаат во фестивалската магија како на лице место, така и на нашата радиска фреквенција.

На првото издание ќе настапат повеќе од 30 музичари и артисти: Роберт Билбилов, Таско, Александра Јанева, Сара Мејс, Тони Зен, Пајак, Сирилик, Лара Иванова и многу други. 

urban-festival-02.jpg

УРБАН ФМ ФЕСТИВАЛ ќе се случува на 9 јуни во недела, почнувајќи од 17 ч. до полноќ, на познатата “Вембли точка”, пред стадионот во Градскиот Парк на отворено.

Она на што сме најсреќни и горди е дека со целосна поддршка од публиката и уметниците, Урбан Фм радио успеа  за една година да ја промени својата програмска понуда со македонска музика, прво радио кое ја надополни својата дневна содржина со подкасти кои се емитуваат истовремено на 90.8 и на YouTube каналот на Урбан Фм Тв, кои ги водат млади и талентирани креативци кои се дел од субкултурата на нашата земја. Така што сега, за прв пат во Македонија се случува радиски медиум да организира фестивал на отворено, со целосна продукција потпирајќи се на нашата добро позната кауза и понатаму да бидеме најдобрата реклама на македонска музика и сцена.

Ве каниме и овојпат и очекуваме да уживаме заедно, да создаеме огромен калабалак од публика, да ужиавме со најголемите нови македонски хитови и рефрени и да ја дадеме поддршката за македонските музички артисти и бендови.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg