Евровизија: Големата петорка

evrovizija-ke-pobedi-francija-povekjeИако се до претходната година „Големата петорка“ на Евровизија всушност беше четворка, оваа година, со враќањето на Италија на натпреварот...


...сите земји се на куп. Ова се оние кои без оглед на пласманот секоја година се во финалето директно – Шпанија, Франција, Германија, Италија и Велика Британија.

1. Amaury Vassili ја претставува Франција со песната Sognu. Васили е најмладиот тенор на светот и има 21 година. Неговиот албум Vincero од 2008 година, постигна платинумски тираж и е продаден во повеќе од 250.000 копии.

2. Пијанистот и пејачот Рафаел Гуалаци со песната Madness of Love ги брани боите на италијанското знаме.

3. Британскиот бенд Blue оваа година ја претставува својата земја на Евровизија со песната I can.

4. Изгледа дека германците не сакаат да го менуваат тимот кој победува, па и годинава ги претставува Лена Мајер минатогодишната победничка. Лена ќе ја пее песната Taken by Stranger.

5. Лусија Перез со певливата и весела песна Que me quiten lo baila ја претставува Шпанија.

Франција важи за најголем фаворит на овогодинешната Евровизија. Како вам ви се допаѓа?

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg