9 светски хитови кои не знаевме дека се кавери
Каверите на светските хитови се многу актуелни во денешно време. Така се пробија неколку нови имиња во музиката, а некои верзии на песните се подобри дури и од оригиналите.
Но, пред 10 или 20 години не беше толку кул да се прават кавери. Дел од светските хитови кои сите ги знаеме, всушност не се оригинали, туку веќе некој ги испеал претходно, а ѕвездата од која ја знаеме песната, само ја преработила и не ни кажала од каде ја земала.
Овие 9 песни се токму таков случај, а најверојатно не сте знаеле:
„Girls Just Want To Have Fun” – Cyndi Lauper
Веруваме дека новата генерација ја знае песната од Мајли Сајрус. Постарата генерација ја памти од Синди Лопер, но ни тоа не е оригиналот. Првпат е снимена во 1979-та година, испеана од Роберт Хазард. И супер што Синди направила кавер од песнава, бидејќи верзијата на Роберт и не е баш најсјајна.
„It’s My Life”– No doubt
No doubt ја објавија оваа песна за да го промовираат нивниот албум „The greatest hits“. Гвен Стефани во тој период снимаше паралелно и соло албум, па наместо да прави нова песна, продуцентската куќа одлучила да ја преработи оваа песна. Оригиналот е од 1984-та година од британскиот бенд Talk Talk.
„Don’t Cha” – Pussycat Dolls feat. Busta Rhymes
Оваа песна не датира многу одамна пред нејзиниот вртоглав успех. Само една година претходно, пејачката Тори Аламазе ја снимила, но по некоја караница со продуцентската куќа, соработката е прекината, песната е дадена на Pussycat Dolls, а останатото е историја. Не сакате да сте во кожата на Тори.
„I Will Always Love You” – Whitney Houston
Оваа песна многу лесно се поврзува со Витни Хјустон и филмот „Bodyguard“, но ова не е оригиналот на песната. Оригиналот е од Доли Партон од 1974 година. Витни реши да тргне дел од звучните инструменти во песната и да направи своја верзија, каде што нејзиниот глас е главна „музика“.
„Hallelujah” - Rufus Wainwright
Оригиналот на оваа песна е незаменлива и непоправлива музичка комбинација. Леонард Коен во 1984 ја испеа песната. После тоа имаше многу преработни, меѓу кои и оваа на Руфус, но Коен останува Коен.
„My Prerogative” – Britney Spears
Една од најпознатите песни на Бритни, каде што во спотот игра врз Порше во базен, е од Боби Браун од 1988 година. Музичките верзи многу се разликуваат и текстот е адаптиран да одговара на женскиот пол.
„If I Were a Boy” – Beyoncé
Ова е повеќе плагијат отколку кавер, но ќе се држиме до темата. Не е преработка на иста песна, туку е иста тема во содржината, иста музичка подлога, различки јазици и изведувачи. Пред Бијонсe да ја направи ултра популарна песната, има друга која се вика “Si Yo Fuera Mujer” (If I Were a Girl) од Patxi Andión. Слушнете сами.
„Torn” – Natalie Imbruglia
За оваа песна имаше информација дека е кавер. Оригиналот е од Ednaswap од 1995-та година. Натали само имаше повеќе среќа со неа.
„I’m a Believer” – Smash Mouth
Оваа класика од цртаниот филм Шрек всушност е од 1960 година од бендот Манкис (Monkeys).
Л. Т. | Црнобело