Објавен спотот за химната на Олимписките игри во Рио (видео)

Во инспиративниот спот за химната на Олимписките игри, „Rise“, Кети Пери им оддава почит на сите спортисти кои ќе го дадат максимумот од себе.

objaven-spotot-za-himnata-na-olimpiskite-igri-vo-rio-video-001.jpg

По 3-годишна пауза, Кети Пери се враќа со химната за Олимписките игри, но во спотот не се појавува.

„Ова е песна која во мене се подготвуваше со години и сега конечно успеа да излезе на површина. Бев инспирирана сега да ја завршам, не да ја чувам за следниот албум, затоа што сега повеќе од било кога е потребно светот да се обедини,“ стои во изјавата на Кети.

Песната ќе биде испеана на 5-ти август, на церемонијата на отворање на Олимписките игри.

М. Д. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg