Познати песни со приказни кои ја имаат моќта да ве расплачат

Ако некогаш се прашувате зошто некои песни остануваат да постојат со години, тогаш сигурно одговорот би бил дека во нив се крие огромна болка или приказна во која многумина се пронашле и ја почувствувале на начин на кој авторот ја почувствувал.

poznati-pesni-so-prikazni-koi-ja-imaat-mokta-da-ve-rasplacat-01.jpg

Затоа можеби таа специјална врска на поврзаност дозволува таквите композиции да бидат слушани со генерации, за да сведочат дека луѓето иако различни, сепак се слични на многу начини, посебно кога станува збор за животните приказни и емотивната поврзаност кон нештата.

Во продолжение ви издвојуваме пет светски познати песни кои кријат неверојатни приказни и неверојатни текстови кои доловуваат една меланхолија која ја има моќта да ве расплаче:

1. Sinead O'Connor - „Nothing Compares 2 U“

Оваа песна оригинално беше изведена од познатиот Принц, но не беше позната за широките маси сè додека O`Kонор не ја направи својата преработка и придонесе песната да биде прифатена од пошироката публика.

Во многу прашалници и анкети беше едногласно добиен резултат дека дури и мажите плачат поради емоциите во оваа песна која зборува за раскинувањето.

Стихови кои ќе ви го наежат телото:

„It's been so lonely without you here

Like a bird without a song

Nothing can stop these lonely tears from falling

Tell me baby where did I go wrong?“

2. Eric Clapton  - „Tears In Heaven“

Оваа песна беше напишана од Ерик Клептон и Вил Џенингс за болката која Клептон ја доживеал поради загубата на неговиот 4-годишен син. Трагичната приказна за малото момче кое паднало од прозорец од 53 кат во Њујорк во далечната 1991-та година била инспирација за оваа безвременска балада.

Клептон бил оној кој прв пристигнал на местото на несреќата и бил во шок многу месеци потоа.

Токму тој период бил многу турбулентен за него бидејќи кратко пред тоа неговиот менаџер умира во хеликоптерска несреќа.

Обземен од тага Клептон му дава на светот една композиција која ја има моќта да насолзи сечии очи, пренесувајќи го чувството од кое и настанала.

Стихови кои ќе ви предизвикаат солзи:

„Would you know my name

If I saw you in heaven?

Would it be the same

If I saw you in heaven?

I must be strong

And carry on

'Cause I know I don't belong

Here in heaven…“

3. U2 - „With Or Without You“

Боно го напишал текстот за оваа песна додека имал тежок период да успее како оженет човек и музичар, бидејќи да се биде дел од бенд понекогаш било контрадикторно со неговиот семеен живот.

Додека го пишувал текстот сфатил дека него го дефинира токму тензијата помеѓу тие два животи.

Тој објаснува дека конечниот текст е за неговото мачење и  притиснувањето на сопствената желба кое само го правело посилен.

Моменти кои не ве оставаат рамнодушни:

„My hands are tied

My body bruised, she's got me with

Nothing to win and

Nothing left to lose

And you give yourself away…“

4. Robbie Williams - „Angels“

Реј Хефернан коавторот на оваа прекрасна песна на познатиот Роби Вилијамс вели дека песната е напишана за неговиот син кој починал додека сè уште бил бебе.

Исто така таа е асоцијација на ангелот кој се наоѓал на врвот на градската кула каде што тој живеел и секојдневно го гледал од својата соба додека бил мал.

Силна порака кријат следните стихови:

„When I'm feeling weak

And my pain walks down a one way street

I look above

And I know I'll always be blessed with love…“

5. Radiohead  - „Creep“

Оваа песна всушност раскажува приказна за заљубен маж кој постојано ја прати жената за која ги крие своите чувства во обид да го добие нејзиното внимание.

На крајот, заради недостиг на самодоверба тој не може да се соочи со неа и да ѝ каже за неговите чувства.

Потсвесно мисли дека тој е всушност таа, затоа текстот има нишка на оптимизам, но сепак субјектот потонува во самосожалување.

Стихови кои ќе ве расплачат:

„I don't care if it hurts,

I want to have control,

I want a perfect body,

I want a perfect soul,

I want you to notice when I'm not around,

You're so fucking special,

I wish I was special“

Луѓето иако често сакаат да бидат нескршливи, сепак им е потребно да знаат дека не се сами со чувствата кои ги имаат.

Затоа ваквите вистински песни, напишани со многу страст, болка и искрена емоција остануваат едни од најуспешните,кои никогаш нема да изумрат и секогаш одново и одново ќе ја возбудуваат публиката оставајќи ја расплакана.

Н. Буџак | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg