Претставникот на Белорусија сака да биде првиот кој ќе настапи гол на Евровизија
Александар Саша, со вистинско име Александар Иванов, е овогодинешниот претставник на Белорусија на Евровизија. Она што го прави поразличен од останатите претставници е тоа што тој сака да настапи сосема гол.
Сè со цел да ја долови смислата на неговата песна „Help you fly“ која зборува за слободата, тој сака да настапи гол на сцената и во придружба на волци.
Сè уште не се знае дали оваа негова замисла ќе може да се оствари, односно потполно да се спроведе во дело, ако се земе предвид дека на Евровизија не се дозволени диви животни.
Но, со оглед на тоа што сценското изведување на песните зазема се поголем удел во настапувањето на овој натпревар, не е ни чудно ако Иван успее да ја оствари својата намера.
Останува да почекаме и да видиме во живо што ќе се случи, а дотогаш, можете да ја слушнете неговата песна.
Н. Г. | Црнобело