Најинспиративните рок песни за добро расположение
Штом почувствувате дека ја губите инспирацијата, доколку веќе сте нерасположени и со душа го чекате последниот работен ден пред викендот, само отворете ја оваа статија и уживајте некој час во одново преслушување на инспиративните рок хитови.
Знаете ли кои се најинспиративните рок песни на сите времиња? Сигурно дел од нив веќе ги имате слушнато, но секогаш е добро да се потсетите на овие легендарни хитови.
Снимете си ги на вашиот мобилен телефон, CD, USB и носете ги насекаде со вас, па штом почувствувате дека денот не е на ваша страна, тие сигурно ќе бидат тука за да ви ја вратат енергијата.
Заборавете на сѐ што ве измачува и препуштете се на добрата рок музика:
1.„It’s my life”- Bon Jovi
Затоа што никој не сака да управуваат со неговиот живот. Животот е само ваш и вие сте тие кои ги носите одлуките, не дозволувајте останатите да раководат со вас.
2.„Don’t stop believing”- Journey
Никогаш немојте да престанете да верувате во себе. Со малку верба можете да направите многу.
3.„We are the champions”- Queen
Има ли поинспиративна песна од оваа? Песна која плени со позитивна енергија.
4.„Eye of the tiger”- Survivor
Оваа рок песна дефинитивно ќе ви ја врати инспирацијата.
5.„Dream on”- Aerosmith
Сите имаме соништа и треба да продолжиме и понатаму да ги сонуваме. Не се откажувајте од вашиот сон без разлика на сè.
Кои се вашите инспиративни рок песни?