Топ 5 митови за Евровизија

Секоја година го гледате овој избор за најдобра песна и упорно пронаоѓате по неколку нелогичности или неправилности?

top-5-mitovi-za-evrovizija-01

Еве кои пет митови се најкоментирани, а блогерот Џон Лукас ги сруши.

Мит број 1: Источна Европа го киднапираше натпреварот

Најчест аргумент против регуларностите на Евровизија е тоа дека не се работи за песни, туку за тоа кој има најголем број на соседи. Во случајов, тоа најчесто е Источна Европа.

Вистина: Овој аргумент е фатална грешка со оглед на тоа што последните неколку победници се Шведска, Азербејџан, Германија, Норвешка, Русија, Србија, Финска, Грција, Украина и Турција - прилично рамномерна покриеност на Европа.

Мит број 2: Сите гласаат за своите соседи

Воедно е така, но и не е. Вистина е дека Грција најмногу поени доделува на Кипар, а Босна на Хрватска, но тоа нема многу врска со неразумната лојалност, туку со сличната културна средина.

Вистина: Големата ѕвезда во Шведска поверојатно е да позната во Норвешка, а популарните мелодии од Литванија сигурно се слушаат и на латвиските радио станици. Простата пресметка укажува на тоа дека помеѓу 40 земји кои гласаат, ниту една нема доволно соседи да триумфира само на основа на локацијата.

Мит број 3: Сè е во сценскиот настап

Добра сценографија, костимографија или кореографија може да помогне во претставувањето на песната и нејзината впечатливост, но ако самата мелодија не се истакне најчесто не стигнува многу далеку.

Вистина: Сетете се кога минатата година руските бабушки изгубија од Лорен чиј трик се состоеше во тоа сама да стои на сцената, одлично да пее и да има модерна, поп песна.

top-5-mitovi-za-evrovizija-1

Мит број 4: Сите ја мрзат Велика Британија

Без многу објаснување, тие никогаш не стигнале далеку. Меѓутоа, можеби им се допаѓа тоа што се незабележливи и добри жртви.

Вистина: Од друга страна пак имаат успешни нумери, како на пример во 2009тата и 2002та година. Не беа нешто посебно, само солидни нумери добро изведени. Но, ако сакаат да поминат подобро, мора да се потрудат за повеќе од стандардното.

Мит број 5: Сите песни се очајни

Тоа е во потполност дискусија на вкусови и стилови.

Вистина: Кога на едно место ќе ги слушнете хрватските бендови, францускиот блуз, црногорскиот рап, норвешкото електро и што ли уште не? Слушајте без предрасуди, можеби пријатно ќе се изненадите.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg