Адел и Роби Вилијамс снимаат дует?
-->
Додека козметичките куќи се борат да ја земат Адел за заштитно лице, таа посветено работи на новиот албум, и на еден навистина интересен дует. 24 годишната Адел се согласила на дует со Роби Вилијамс.
„Ако сè тече по планот, нивниот дует ќе биде сигурен хит“ – открива извор.
-->
„По доделувањето на Оскарите долго разговараа како треба да направат нешто заедничко. Имаат некои идеи, но се уште не се сигурни за каква песна ќе станува збор. Се е во почетна фаза.“
Адел до сега нема снимено дует. Во една прилика има изјавено дека ако се одлучи на дует, тоа би бил токму Роби Вилијамс.