Љубовни хит балади со вистинити приказни

Познато е дека уметноста живее од инспирацијата. Потребен е некој или нешто за уметникот да створи уметничко дело. Затоа, често пати песните, книгите и филмовите се инспирирани од вистински љубовни приказни.

ljubovni-hit-baladi-so-vistinski-prikazni-01

Некои од песните кои се вистински хитови никогаш не ни помислуваме дека имаат длабока позадина, но овие неколку песни се вистинити приказни.

Британката Адел на публиката и е позната како извонреден вокал, а за многу кратко време ја достигна и својата величествена слава. Она што публиката просто го обожава кај оваа уметничка се емоциите кои таа одлично ги пренесува.

За хитот “Someone like you” таа изјавила дека се соочила со прекин на долга љубовна врска со човекот кој мислела дека ќе се омажи. По заеднички минати години, секој тргнал по свој пат, а патот на Адел се чини дека е подобриот.


Симпатичниот британец Џејмс Блант тврди дека “You’re beautiful” е песна посветена на неговата бивша девојка. Песната зборува за повторното среќавање на неговата некогашна најмила, која тогаш била со нејзиното ново момче за кое тој не ни знаел дека постои. Во моментот кога погледите им се сретнале, целиот заеднички живот прелетал во главата на Џејмс.


Wonderwall” е успешно музичко остварување на британската група Oasis. Текстот на оваа песна го напишал Ноел Галагер, кој првенствено изјавил дека е поврзана со девојка врзана за неговото срце, но подоцнежното објаснување било дека оваа песна е посветена на замислените пријатели кои доаѓаат да те спасат кога бегаш самиот од себе.


Мадона, американската поп кралица исто така не пропушти да ја пренесе својата трагична љубовна врска со Гај Ричи во стиховите на “Miles Away”. Оваа песна е посветена на далечината која засекогаш ги одвои овие две успешни имиња.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg