Новиот спот на Џастин Тимбрлејк за “Mirrors”
-->
По одлично прифатениот сингл “Suit and Tie”, прекрасниот Џастин конечно го објави новиот спот за втората песна од неговиот најнов албум “20/20 Experience”.
Се работи за романтична песна за која многумина помислија дека се работи за неговата животна избраничка и сопруга Џесика Бил.
-->
Но, Џастин овој спот го посвети на неговите покојни баба и дедо, а песната ја прати нивната љубовна приказна од младоста до староста.
Неговите баба и дедо биле во брак 63 години, а токму дедото на Џастин ја именуваше неговата модна линија во William Rast.
Погледнете го најновиот видео запис на Џастин, во кој повторно ги покажува своите способности за танцување.
-->
-->
-->