Топ 10 хитови од ’90-те
Рокот во деведесеттите беше неизбежен, но со нови имиња како Nirvana, The Offspring, Red Hot Chili Peppers, Rage Against the Machine, Green Day и многу други кои преку ноќ ја постигнаа својата слава.
Пред самиот крај на декадата се појавија две млади девојки кои исто така за многу кратко време ја доживеаја славата во поп музиката.
Britney Spears и Christina Aguilera беа новите, млади поп пејачки кои ја заменија вечната поп ѕвезда Madonna, барем за неколку години.
Вистинско освежување беа и хип-хоп изведувачите, исто како и развојот на новиот R&B стил. Рап изведувачите како Eminem и Dr.Dre го заземаа местото на славниот 2Pac.
Од сите овие новитети и промени кои беа присутни во музиката во ’90-те години, ова се десетте вечни хитови од пред една деценија.
1. Baby One More Time – Britney Spears (1999)
2. Don’t Speak – No Doubt (1996)
3. Killing Me Softly With His Song - The Fugees (1995)
4. California Love - Tupac (1995)
5. Tears in Heaven - Eric Clapton (1992)
6. I Want It That Way – Backstreet Boys (1999)
7. Wonderwall - Oasis (1995)
8. Under The Bridge - Red Hot Chili Peppers (1991)
9. I Will Always Love You – Whitney Houston (1992)
10. Smells Like Teen Spirit - Nirvana (1991)